Основното јавно обвинителство – Скопје ја уважи жалбата на Макпетрол да се одмрзнат банкарските сметки на компанијата. Ваквата одлука Обвинителството ја донело по допрен глас од кои ја утврдило потребата сметките на Макпетрол да бидат одблокирани за да може компанијата непречено да работи.
Според Обвинителството, така Макпетрол ќе може да ги исполни преземените обврски за снабдување со енергенси, но и да овозможи работи на други фирми во кои Макпетрол е единствен содружник или извор на финансиски средства.
Јавното обвинителство му предлага на судија од претходна постапка да се следи плани промет и трансакциите на фирмите Макпетрол АД -Скопје и Оилко КДА. Обвинителството информира дека уште трае преистражната постапка околу кривичните пријави што се поднесе против раководството на Макпетрол.
Сега се чека Основниот суд Скопје 1да се изјасни дали го прифаќа предлогот на Основното Јавно обвинителство.




