Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог против воспитувачка за физичко насилство врз дете.
Според обвинителството на 1 септември 2021 година, обвинетата 48-годишна воспитувачка во детска градинка во Автокоманда извршила физичко насилство спрема дете оставено на грижа и чување во објектот. Кривичното дело за кое е обвинета воспитувачката е според член 201-а од Кривичниот законик.
– Додека го делела ручекот за децата во групата, обвинетата со метална супена лажица го удрила детето по главата, нанесувајќи му телесна повреда – нагмечно-расцепна рана на темето, вели Основното јавно обвинителство Скопје.