Утринава на распит во Обвинителството била повикана и продавачка во продавницата „Пјер Карден“. Таа била повикана за случајот „Рекет“, а во врска со сомневањата дека Бојан Јовановски купувал мебел од оваа луксузна продавница.
Продавачката е повикана како дел од истрагата која треба да утврди каде Боки 13 ги трошел парите добиени од рекетот.
Според извори во Обвинителството мебелот се уште не е запленет.
По наредба на Обвинителството, минатиот месец од куќата на Катица Јанева беше запленет мебел во вредност од 5000 евра.