Утринава на распит во Обвинителството била повикана и продавачка во продавницата „Пјер Карден“. Таа била повикана за случајот „Рекет“, а во врска со сомневањата дека Бојан Јовановски купувал мебел од оваа луксузна продавница.

Продавачката е повикана како дел од истрагата која треба да  утврди каде Боки 13 ги трошел парите добиени од рекетот.

Според извори во Обвинителството мебелот се уште не е запленет.

По наредба на Обвинителството, минатиот месец од куќата на Катица Јанева беше запленет мебел во вредност од 5000 евра.