Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството отвори истрага за случајот со починатата родилка

0
By Менче Атанасова Точи on February 1, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 1, 2018 23:09

Основното јавно обвинителство отвори истрага за случајот на 31 годишната Дебора Џамбази која почина при породување при однапред договорена операција со царски рез која се изведувала во приватната болница Моја Болница(Санте Плус) . Истрага е отворена врз основа на наодите на Комисијата која го истражува случајот и на барање на семејството, неофицијално потврдија за НОВА извори од Министерството за здравство. Обвинителството во моментот прибира докази  по што ќе следи одлука дали ќе има кривична одговорност.

„По разгледување и анализа на пристигнатиот материјал и по добивањето на обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија ќе биде донесена јавно обвинителска одлука“, потврдиле за 24 телевизија од Основното јавно обвинителство.

НОВА од свои извори дознава дека се собрани сите оригинални документи од болницата Санте Плус и тие ќе бидат доставени во ОЈО. Комисијата ја комплетирала документацијата, земени се изјави од сите инволвирани страни, од семејството, од лекарите кои учествувале во породувањето, анестезилозите, од лекарите кои што ја примиле во КАРИЛ, од лекарката анестезиолог која била повикана на помош од соседната приватна болница која всушност го реанимирала бебето, од вработени во самата болница.  Во текот на идната недела се очекува да биде готов и Извештајот од обдукциониот наод, по што Министерството за здравство ќе излезе со комплетна информација за случајот.

НОВА неофицијално дознава дека и покрај тоа што ДСЗИ ја затвори болницата, таму се уште се вршат операции. Ова го потврдија и во ДСЗИ, но оставаат обвинителство и другите институции да си ја завршат својата работа.

Родилката Дебора Џамбази почина пред две недели при породување со царски рез, а од болницата тврдат дека не починала кај нив туку во КАРИЛ. Документите и изјавите на лекарите кои ја примиле говорат дека жената била донесена почината, со мртовечки пеги, без пулс и без дишење. На младата жена, познат стоматолог од Кичево ова и било прво породување бидејќи се лекувала од стерилитет.

Бебето кое беше во многу тешка состојба е извадено од апарати за дишење, неговата здравствена состојба е подобрена и се следи за да се види какви последици може да има поради тоа што долго време останало без водух, потврдија од Клиниката за детски болести.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.