Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството побара доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев и соодветна казна затвор за таткото на Вања

0
By Marija Todorovska on June 11, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство денеска во завршните зборови на судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев, додека за таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна.

Како што посочи обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска, исказите на обвинетите дадени пред Обвинителството не се совпаѓаат со исказите дадени пред судот, ниту пак, како што рече, се совпаѓаат со изведените докази. Според неа, не е нужно да се утврди мотивот за убиството, туку, како што рече, тој е субјективен однос на злосторникот кон делото.

Мотивот не е нужно да се утврди. Тој е субјективен однос на злосторникот кон делото. Отсуството на мотив не е причина некој да не биде осуден. Казната според Кривичниот законик е од 10 години до доживотен. Нема олеснителни околности за обвинетите. Сите се во зрела возраст, сите се родители, сакале да се и политички фактор. Дополнително ги трауматизираат фамилијата и јавноста со нивните негирања на доказите и со манипулациите. За сите четворица Јавното обвинителство бара доживотен затвор. Одземање живот на дете не се толерира, посочи обвинителката.

За таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, обвинителката рече:  „Нема потешка казна од загуба на дете и од живот со таква совест како во случајов на таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски. Не тврдиме дека сакал да му го убијат детето, но учествувал во киднапирањето на ќерка си и бараме соодветна казна за тоа”.

Стојковиќ Димитровска се осврна кон одбраната дадена од страна на обвинетиот Велибор Манев. Нагласи дека обвинетиот тврдел дека сакале да го грабнат Панче, но не и да го убијат, како и дека Вања била грабната по грешка, но, како што рече, и двете тврдења се неосновани.

Велибор тврдеше дека сакале да го грабнат Панче, а не да го убијат. Но Палчо го убил, а Велибор се согласил. Дури и го закопал Панче и не пријавил во полиција. Го зел „цитроенот“. Се придружил и кон второто дело. Купил ракавици, чистел траги. Учествувал затоа што имал корист. Сакал пари, небитно дали со киднапирање или со убиство. Зел и лопата, покрај селотејп, вреќа, значи бил согласен и со второ убиство. Тврдеше дека е грешка Вања, но ни ова не е основано. Сите рекоа дека имале слика од детето, знаеле кого ќе грабнат. Оваа одбрана е дадена со желба за намалување на одговорност. Неспорно е дека соработувал во откривањето на делата, рече Стојковиќ Димитровска.

Додаде дека исказот во Обвинителството даден од страна на обвинетиот Боре Видевски се совпаѓа со исказот на останатите обвинети. Вели неговата одбрана се состои од негирање пред судот иако претходно ги признал делата што му се ставаат на товар во исказот даден пред Јавното обвинителство.

Исказот во Обвинителството се совпаѓа со исказот на останатите. Нема докази за тортура, не се пожалил пред Обвинителството. Тортурата ја користи како изговор. Во распитот кажа детали, оти беше изненаден што е фатен и немаше време да смисли одбрана. Знаеше сѐ, време и место на делата. Неговиот исказ пред Обвинителството се поклопува не само со еден, туку со три искази на останатите обвинети. И за Александар даде ист исказ како Манев. Неосновано е и дека бил на работа во критичниот ден, а не бил. Снимки од Велес побараа од одбраната, како доказ, но на тие снимки ги нема обвинетите. Тој има пиштол, но не знае каде е. Ги извршил делата и не покажа каење, рече обвинителката.

За обвинетиот Влатко Кешишев рече дека тој се обидел да се прикаже само како послушник на првообвинетиот Љупчо Палевски и дека не бил соизвршител, но, според обвинителката, од доказите произлегува дека е соизвршител, бидејќи копал дупка, вршел обиколка околу куќата на Манев, ги закопувал убиените, носел радиостаница, како и ги возел обвинетите.

Свесен е дека Палевски имал пиштол и дека во гепекот имало човек. По убиството учествувал во палењето на „цитроенот“. Ако видел што му се случило на Панче, можел да претпостави што ќе се случи со второто грабнато лице. Несоборливи се доказите против него. Евидентен е неговиот придонес во откривањето на делата, но и тој како Манев пропушти да изнесе сѐ и да покаже каење, рече обвинителката.

За првообвинетиот Палевски, беше нагласено дека ја водел целата операција, креирал алиби и уништувал докази. Според Обвинителството снимките и другите докази, ја утврдуваат неговата вина.

Тврдеше дека снимките од пред куќата во мај е од друг период, мај 2023, но тие го немале возилото „рено кангу“ пред септември 2023. Палевски за себе се обидувал да создаде алиби. За 22 ноември се обиде алиби да му биде Ерол Османи, дека му го поправал котелот, но Османи тврди друго. За 27 ноември нема алиби, тврди дека бил во банка, но тоа е после 11 часот, а детето е убиено пред 9. Тврдеше дека нема податоци од базните станици за неговиот телефон, но тие постојат и не му одат во прилог. За време на злосторот носеле радиостаници. Сите обвинети имаат повици после 11 часот, рече обвинителката.

Вања доживотна казна затвор обвинителство Панче убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.