НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството покрена истрага за смртта на малата Анамарија

0
By Нова ТВ on October 13, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителството покрена истрага против три лекарки од Клиниката за инфективни болести , врз основа на Кривична пријава која ја поднесе семејството на малата Анамарија која, почина во јануари годинава, само неколку часа откако била донесена да прими инфузија.

Обвинителот врз основа на истрагата треба да одлучи како ќе се постапи понатаму . Од адвокатската канцеларија која го застапува семејството велат дека се зависи од од судските вештаци кои ќе одлучат дали ќе биде побарана ексхумација на телото, односно дали ќе биде возможно да се направат потребните испитувања и дали ќе го дадат очекуваниот ефект.

Обдукација на телото не е направена бидејќи семејството потпишало дека не сака да се врши аутопсијата. Сепак,таа е задолжителна кога пациент ќе почине во болнички услови.

„Поднесена е кривична пријава, с е превземаат сите дејствија, обвинителството работи на случајот се со цел да се докаже вистината.“ изјави за НОВА адвокатката на семејството, Билјана Јандриоска.

Таа вели дека досега две комисии од Министерството за здравство го испитувале случајот, но семејството нема добиено никаков одговор од таму. Според Јадриоска на семејството на Анамарија не им била дадена медицинската документација од страна на клиниката, документите ги добиле дури кога адвокатката ги побарала по службена должност.

Таа вели дека немаат добиено никакви дополнитени анализи што тогаш ги најави директорот на клиниката Звонко Миленковиќ. Во медицинското досие, нема анализи кои покажуваат дали имала вирус или некаква бактерија, вели нивниот правен застапник.

После смртта на девојчето, родителите објаснување побарале кај многу врвни лекари. Како што вчера во писмото објасни таткото, се претпоставува дека срцето на девојчето откажало поради албумините кои и биле дадени(за кои лекарите требало да побараат дозвола од родители) и од гликозата која и била дадена и покрај високиот шеќер во крвта кој бил дури (16 единици).

Сепак, во адвокатската канцеларија информираат дека никој од лекарите кои го тврдат тоа, не го ставил својот потпис како гаранција дека е нарушен протоколот на лекување.

Од Министерството за здравство стигна следниот одговор:

„Во врска со случајот на починато девојче на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби од јануари годинава, информираме дека Министерството за здравство веднаш по настанатиот случај, формираше две независни стручни комисии, кои целосно го испитаа процесот на лекување на пациентката, почнувајќи од матичен лекар, педијатриски пункт во поликлиниката „Јане Сандански“ и Клиниката за инфективни болести.

Врз основа на извршениот надзор, двете комисии се изјаснија дека не се констатирани недостатоци при пружање насоодветна здравствена заштита на сите нивоа, односно од страна на матичен лекар, педијатар во педијатрискиот пункт и здравствените работници на Клиника за инфективни болести.

Извештај од стручниот надзор е испратен до основното јавно обвинителство кое води постапка за овој случај“, се вели во одговорот на ресорното Министерство.

Писмото кое вчера го испрати таткото на 12 годишната Анамарија ја разбранува и ја вознемири јавноста.

Во писмото со наслов„ Во болница ја однесовме на нозе, за неколку часа ни ја вратија мртва“ што вчера го објави НОВА таткото на Анамарија ја опишува цела хронологија на настанот, од моментот кога ја однеле на матичен лекар до Клиниката за инфективни болести, каде за неколку часа починала. Тој ги обвинува лекарите за смртта на својата 12 годишна ќерка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.