Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството со резултати за истрагата за Младенов

0
By Нова ТВ on July 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавното обвинителство на Република Македонија денеска ќе ги соопшти резултатите од дополнителната истрага за сообраќајната несреќа од 26 март на автопатот Велес- Скопје кај клучката Хиподром, во која загина новинарот Никола Младенов, сопственик на дневниот и неделниот весник „Фокус“.

Резултатот на истражниот судија беше дека сообраќајната несреќа била несреќен случај. Судот тогаш соопшти дека Младенов возел со 160 километри на час и притоа изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Минатиот месец специјалниот известувач на ОН, Ла Ру ги повикувам надлежните македонски органи да започнат темелна истрага за овој „ноторен случај со цел бргу да се распрсне облакот на сомнеж и страв што беше создаден со трагичната смрт на г-динот Младенов“, рече Ла Ру.

>>ОН: Ги повикуваме властите на истрага за Младенов

Обвинителството го презеде предметот за Младенов на 11 април, после два дена откако истражниот судија Јосифов ја затвори истрагата и информираше дека веќе следната недела по преземањето на случајот ќе има информации од нивна страна, што тоа досега не се случи.

Постојат две опции: Обвинителството да го констатира претходниот заклучок на истражниот судија дека се работи за класична сообраќајна несреќа или доколку има поинакви индиции, дека се работи за насилна смрт, да побара дополнителна истрага после што би следувала класична кривична истрага.

Најинтригантен податок во оваа истрага е прашањето за мобилниот телефон на Младенов, за кој портпаролот на Кривичниот суд Владимир Туфегџиќ за НОВА, на 9 април рече не е предмет на анализа.

За листинзите од разговорите на мобилниот Туфегџиќ исто така рече дека не е информиран.

Изворите на НОВА, потврдуваат дека надлежните институции инволвирани во истрагата не контактирале со семејството на Младенов, ниту пак со неговите најблиски соработници.

>>Прашањата на НОВА до истражните органи кои до денес не се одговорени

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.