Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството во завршен збор за убиството на Вања и Панче: Обвинетите ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар

0
By Marija Todorovska on June 9, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Насилното одземање на основното право на живот, особено кај дете, не е само чин на суровост и бруталност, туку директен напад врз човештвото, рече обвинителката Жаклина Трајковска во завршниот збор за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Во Основен Кривичен суд Скопје, таа денеска истакна дека ваквите злосторства заслужуваат „не само правна, туку и длабока морална осуда“.

Мотивирани од ветени високи парични суми, како што посочи, обвинетите создале „филмско сценарио, морбиден план“.

Со изведените докази обвинителството докажа дека обвинетите ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар, нагласи обвинителката.

Поточно, дека обвинетите Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев извршиле две убиства и две грабнувања, додека, Александар Ѓорчевски едно кривично дело грабнување.

Обвинителката посочи дека осудените не покажале ни најмал знак на човечност при грабнувањето на Вања, иако, како што рече, имаат сопствени деца.

По убиството на Панче, никој од обвинетите не реагирал со човечко чувство, рече таа.

Обвинителството денеска го прецизираше обвинителниот акт во делот на времето во однос на случувањата на настаните.

Во завршниот збор, обвинителката ги образложи во детали случувањата за кои стануваше збор и во доказната постапка, а во кои се опишани грабнувањата и убиствата на Вања и Панче.

Вања завршни зборови обвинителство Панче убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.