Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оценка на ЕК за политичките критериуми 

0
By Борјан Јовановски on October 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 16, 2013 18:50

Извештајот на ЕК препорача старт на преговори по петти пат. Воедно ЕК побара од Европсккиот совет во декември дозвола да отпочне „скриниг процес“ со Македонија како подготовка за преговорите нагласувајќи дека проблемот со името треба да се реши во раната фаза на овој процес.

Извештајот започнува со анализа на политичките критериуми. ЕК на самиот почеток во ова поглавје обрнува внимание на процесот на лустрација и препораките на Венецијанската комисија која го критикува временскиот опфат на овој процес, односно негова примена за периодот по демократизацијата на Македонија во почетокот на деведестите години како и наодите дека лустрацијата се злоупотребува за партиски цели.

Во однос на изборниот процес ЕК ги нотира забелешките на ОБСЕ и ОДХР за тоа дека постојат сомневања за заплашување на гласачите како и за злоупотреба на државните ресурси за партиски цели.

Анализирајќи ја работата на Собранието ЕК укажува дека насилното отстранување, како што се вели во извештајот на пратениците и новинарите, довело до висок степен на поларизација и загрозување на политичкиот дијалог.

Во однос на работата на владата и администрацијата ЕК бара појасна дистинкција меѓу партијата и државните структури како и поголема независност на администрацијата.
Што се однесува до судството се вели дека неговата независнот е спорна. Постојат соменавања за селективно спроведување на правдата како и индиректни политички притисоци. 

Во однос на корупцијата таа се оценува како сериозен проблем за општеството. ЕК смета дека постојат проблеми со корупцијата во сферата на јавните набавки.

Во однос на  состојбата со слободата на медиумите ЕК вели дека репутацијата на државата на меѓународен и внатрешен план продолжува да се влошува. Извештајот изразува загриженост за владините реклами кои се сметаат за директна поддршка на провладините медиуми со што на истите им се дава голема финасиска предност.

Извештајот исто така изразува загриженот за нетолерантноста кон ЛГБТ заедницата и како илустрација се наведуваат нападите на ЛГБТ центарот во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.