Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Очајна потреба од едукација и воспитание на нацијата

0
By Нова ТВ on June 9, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 9, 2019 15:48

Пишува Наде Молеровиќ, професор, директор и мотивациски говорник за деца и млади

Училиштето не е место каде што децата треба да бидат послушни и дисциплинирани, туку треба да биде место каде ќе се истражува.

Вистинско е она училиште кое води грижа како нејзините првенци поминале во средното училиште, па на факултет и што постигнале во животот. Добрите училишта од тие сознанија секоја година ги моделираат своите програми, методите и начинот на работа. Ние такви училишта за жал немаме.

Најважно е да потсетиме, дека опстанокот на една нација зависи од активностите и капацитетот на наставниците. Тие ја создаваат и ја втемелуваат основата на учениците. Без разлика дали во основно или средно училиште или на факултет, квалификуваниот наставник остава траги во животот на младите.

Лидерите на утрешнината ги креираат наставниците и училиштето. Доколку наставникот пропушти да ги открие и поттикне најдобрите страни, таленти и интереси на учениците, ученикот можеби нема да си ги открие за цел живот. Тоа значи дека наставникот е всушност најдобриот ментор во животот на ученикот.

Образованието во 21 век се менува радикално со примената на технологијата во секоја област. Денес образованието зависи од примената на мислечките вештини, критичките обсервации за случувањата во секојдневието, донесувањето одлуки,вештини за користење на информатичката технологија, тимската работа, меѓучовечките релации и соработка, владеење и познавање на животните вештини. Сето тоа што им го даваме во училиште како знаења и вештини треба да може да се примени во вистинскиот живот и животните ситуации.

Затоа, првата реформа во образованието во Република Северна Македонија треба да биде перцепцијата на општеството за клучната, многу одговорна улога и задача на наставничката професија.

Прво, наставничката професија треба да биде една од најплатените и најатрактивните професии во државата. На таков начин ќе биде конкурентна, престижна и ценета професија.

Да биде привилегија на најдобрите и најодличните ученици.

Второ, универзитетите и педагошките студии да спроведуваат приемни испити и селекција за идните наставници, да се полагаат испити за владеење на информатичка, дигитална технологија, психологија, педагогија ,комуникациски вештини и јазик.

Трето, во рамките на наставно-научните програми на студирање во групите за наставници, една година да се изучува само методика во наставата со практична примена на сите современи стратегии, техники и методи во училиштата.

Без годишно стажирање да не може да се вработуваат. Најважно да ни биде не колку знаење има еден наставник, туку кој е тој како личност.

Бирото за развој на образованието да биде центар за обуки,стручно усовршување и личен развој на наставниот кадар. Да има каталог на понуди и избор на обуки кои ќе ги спроведуваат најискусните, најпрофесионалните и најуспешните наставници од кои може да се учи. Бирото за развој треба да биде институција, лулка и извор на кадри кои ќе ги следат, советуваат, менторираат наставниците целиот свој работен ангажман. И тоа може многу лесно да се реализира. Да се деполитизира, да го раководат кадри кои потекнуваат од фелата, кои ќе имаат општествена и професионална одговорност пред генерациите. Да знаат и da имаат храброст да го менаџираат и конечно da го стават во функција на наставничкиот кадар, кому поддршката и ветерот во грб им е најпотребен.

Да си ги пронајдеме, откриеме и почитуваме наставниците кои значат нешто во државава. Да им искажеме јавно благодарност, да им се поклониме, да учиме и да слушаме.

Наставничката професија треба да се ослободи од егото на сезнајковци, сите ние има многу нешто што не знаеме, да си признаеме и да учиме. Кога ќе си погледнеме колку сме пропуштиле, да креираме образование за сите согласно секој своите можности, можеби и ќе завртиме нов лист.

Но, да си признаеме дека уништивме и се уште уништуваме генерации со образовен систем кој ги учи децата со содржини за професии кои одумираат и нема да постојат кога тие ќе станат зрели луѓе.

Чуму сме ние тогаш? На што ги трошиме годините во училиштата?

Државата Република Северна Македонија очајно има потреба од едукација и воспитание на децата, наставниците , родителите … нацијата!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.