Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од 1 јули стартува повратот на ДДВ за граѓаните

0
By Нова ТВ on June 19, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од 1 јули годинава граѓаните ќе бидат „инспектори“ кои ќе и помагаат на Управата за јавни приходи (УЈП) во борбата против даночната евазија преку мотивацијата да ги бараат фискалните сметки за производите што ги купиле, а што ќе им бидат неопходни за да им се врати 15 отсто од Данокот на додадена вредност преку новата услуга „Мој ДДВ“.

За тоа ќе треба да имаат  најмалку 15 години, важечка лична карта или пасош и да бидат регистрирани или да се регистрираат во електронскиот систем на УЈП, да имаат своја активна трансакциска сметка и да ја симнат апликацијата „Мој ДДВ“ на нивниот мобилен телефон од веб страницата  на УЈП.

Повратот на ДДВ ќе се прави преку скенирање на баркодовите на фискалните сметки најдоцна во рок од 10 дена од издавањето на сметката. Ќе важи само за граѓаните и за фискални сметки до 30.000 денари, но не и за фактури и сметки со сметкопотврди. Нема да важи за сторнирани фискални сметки и ќе препознава дали сметката е исправна или не, односно фиктивна компјутерска. На ранливите категории и постарите лица кои не се во можност да го направат тоа ќе им помагаат мобилните екипи и мобилните даночни шалтери на УЈП и 80 волонтери. Ќе има на располагање и баркод читачи, мобилни телефони во сите организациски единици на УЈП преку кои ќе се врши читањето и киоск апарати, а на еден мобилен телефон ќе биде оставена можност да има повеќе профили. За парите кои ќе се добијат како поврат на ДДВ граѓаните нема да плаќаат персонален данок.

Првата исплата ќе биде во декември 2019 година директно на сметките на граѓаните, а потоа на секои три месеци, односно во февруари, мај, август и ноември. Од оваа услуга на граѓаните ќе им бидат вратени најмногу 50 милиони евра годишно, а лимитот за едно лице ќе изнесува 1.800 денари квартално или најмногу 28.800 денари годишно за едно четиричлено семејство.

-Владата го изгласа законот за враќање на 15 проценти од платениот ДДВ за граѓаните со што почнува реализацијата на еден од најважните проекти од изборната програма и Програмата за работа на Владата. Мерката ќе почне да се реализира од 1 јули со што едно четиричлено семејство ќе може да си врати на сметката до 28.800 денари годишно во семејниот буџет. Можноста за поврат на дел од ДДВ-то ќе биде достапна за сите граѓани кои имаат наполнето 15 години, кои се регистрирани или ќе се регистрираат на системот на УЈП и кои од 1 јули ќе ја преземат одговорноста редовно да си ги земаат фискалните сметки на продажните места, а потоа да ги скенираат на својот мобилен телефон, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

Тој појасни дека преку проектот „Мој данок, моја заштеда“ граѓаните заедно со финансиските институции ќе остварат две главни цели од кои првата е да се вратат пари кај граѓаните, а втората да учествуваат во намалување на сивата економија и во елиминација  на даночното затајување на ДДВ. На тој начин годишно, како што рече, на граѓаните ќе им се вратат над 50 милиони евра од поврат на ДДВ.

-Ова е мерка насочена кон граѓаните и  првпат во нашата земја државата враќа  дел од ДДВ директно на сметките на граѓаните. Досега поврат на ДДВ остваруваа само компаниите, а сега таа придобивка ја остваруваме за сите граѓани. Заради правичност за да не се случи повратот да оди кај богатите поставени се лимити и нема да има можност за поврат на ДДВ-то од сметка над 30.000 денари, рече Заев и додаде дека дури 98 отсто од домаќинствата ќе можат да направат поврат на ДДВ, а за два отсто од најбогатите ќе има лимит.

Министерот за финансии Драган Тевдовски посочи дека данокот е она што граѓаните го вложуваат во државата и тој се враќа преку јавното образование, здравство, инфраструктурата, градинките, парковите центрите за социјална заштита.

-Сега првпат од вашиот платен ДДВ, 15 проценти ќе ви биде вртен на сметката како заштеда. Го завршивме законскиот дел и направивме систем со кој ќе се врши поврат, им порача Тевдовски на граѓаните.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска рече дека Управата е целосно подготвена за стартот новата мерка и додаде дека во изминатиот период тим од УЈП заедно со Министерството за финансии интензивно и посветено работеше на креирање  модерен, брз, ефикасен и едноставен начин преку кој граѓаните ќе можат да го искористат своето право за поврат на ДДВ.

-Од 1 јули фискалните сметки нема да претставуваат парче хартија кое ќе ги потсетува граѓаните колку пари потрошиле, туку и на парите кои ќе им се вратат. По стартот на мерката на секој граѓанин ќе му биде важно дали фискалната сметка е валидна или за производот кој го купиле некој им издал незаконска фискална сметка и со тоа им го скратил правото да остварат поврат на ДДВ. Апликацијата дозволува скенирање само на валидни фискални сметки, додека незаконските – компјутерски  сметки не ги препознава. На тој начин граѓаните ќе знаат кој им го скратил правото, ќе ни помогнат во борбата против сивата економија и ќе бидат наши партнери и еден вид инспектори,  рече Лукаревска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.