Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од 2000 година до денес глечерите имаат изгубено 6,500 милјарди тони мраз

0
By Marija Todorovska on February 20, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Глечерите загубиле вкупно 6,542 милијарди тони мраз помеѓу 2000 и 2023 година, што придонело за зголемување на нивото на морето за 18 милиметри, покажува ново истражување објавено во списанието Нејчр (Nature), пренесува ДПА.

Според анализата во рамки на проектот Glacier Mass Balance Intercomparison Exercise (Glambie), глечерите годишно губеле во просек по 273 милијарди тони мраз.

Глациологот Михаел Земп објасни дека „за споредба, оваа количина на мраз е еднаква на она што светската популација би го консумирала за 30 години, ако секој човек дневно троши по три литри вода“.

Истражувачите утврдиле дека од 2010 година, глечерите загубиле околу 5 проценти од својот вкупен волумен, при што Централна Европа забележала шокантно намалување од 39 отсто, додека Антарктикот и субантарктичките острови изгубиле околу 2 отсто.

Во втората половина на анализираниот период (2012-2023), загубата на мраз била за 36 отсто поголема во споредба со претходната деценија.

Научниците предупредуваат дека топењето на глечерите не само што го зголемува нивото на морето, туку и ја намалува достапноста на свежа вода.

 Глечерите се витален извор на свежа вода, особено за локалните заедници во Централна Азија и Андите, каде што тие обезбедуваат вода во топлите и сушни сезони, изјави глациологот Инес Дусајант.

Научниците истакнаа дека идните загуби на глечерска маса ќе зависат од емисиите на стакленички гасови, а досегашните истражувања укажуваат на забрзано топење до крајот на векот.

Ова уште еднаш ја потврдува итноста за намалување на емисиите со цел да се ограничи влијанието врз глобалното ниво на морето и достапноста на вода, предупредија научниците.

Глечери мраз научници студија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.