Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од 2020: За влез во ЕУ ќе ни треба одобрение и 10 евра

0
By Нова ТВ on October 19, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент денеска го усвои предлогот на Европската комисија, според кој, државјаните на трети земји ослободени од визи за Шенген-зоната, меѓу кои и граѓаните на Република Македонија, од 2020 година да аплицираат за дозвола за патување пред да пристигнат во Европската унија.

Според нацрт-правилата одобрени денеска, државјаните кои не се членки на ЕУ, а кои немаат потреба од виза за влез во Шенген зоната, меѓу кои и државјаните на Македонија, ќе мора да пополнат електронски формулар со лични податоци, податоци за патниот документ, домашна адреса и информации за контакт и европската земја каде ќе влезат.

Подносителот, исто така, ќе треба да ги информира властите за сите обвиненија за сериозни кривични дела (како што се тероризам, сексуална експлоатација на деца, трговија со луѓе или дрога, убиство и силување), за престој во одредени конфликтни зони и за сите претходни административни одлуки пред да ја напушти земјата, а во текот на последните десет години.

Оваа потврда ќе чини 10 евра, иако ЕК предлагаше овие дозволи за македонските и за граѓаните на други земји што се опфатени со безвизниот режим да чинат пет евра.

Од таксата ќе бидат ослободени лица под 18 години и постари од 60 години, членови на семејството на граѓани на ЕУ и студенти и истражувачи кои патуваат за академски цели. Оваа потврда ќе важи за период од три години или додека не истече патната исправа на подносителот.

Новиот Европски систем за патување и овластување (ЕТИАС) ќе овозможи напредни проверки на овие патници и оние за кои се смета дека претставуваат ризик во однос на безбедноста, неправилната миграција или високиот ризик од епидемија, ќе им биде одбиен пристапот.

Што е ЕТИАС

Проверката ќе биде автоматска на сите релевантни бази на податоци, вклучувајќи го Шенгенскиот информатички систем, Системот за влез и излез, како и базите на податоци на Европол и Интерпол, а со цел да се потврди, меѓу другото, дали патната исправа е изгубена или украдена и ако лицето што е подносител се бара за апсење.

Исто така, од апликантот може да се побара да обезбеди дополнителни информации, а во исклучителни случаи да биде поканет и на интервју во некоја од амбасадите на земјите-членки на ЕУ во неговата земја. Ако на подносителот му биде одбиен влез во Унијата, ќе биде информиран за причините и за правата, вклучувајќи и судски процес. Но, граничната полиција и натаму ќе  го има последниот збор за влез во Европската унија.

Според податоците на Европската унија, во моментов има повеќе од 60 земји и територии чии државјани можат да патуваат без визи во Унијата. Европската комисија очекува значително зголемување на бројот на лица што патуваат без виза кои ги преминуваат границите на Шенгенот во следните години, па нивнито број од 30 милиони во 2014 година, да се зголеми на 39 милиони лица во 2020 година.

Трошоците за официјален Брисел за системот ЕТИАС се проценуваат на 212,1 милиони евра, а просечната годишна цена на трошок да изнесува 85 милиони евра. Инаку, овој систем за издавање на потврди за патување на македонските граѓани и житлеите на други 59 земји со кои ЕУ има безвизен режим, целосно функционален се очекува да стане во 2020 година.

безвизен режим ЕТИАС Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.