Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од 2021 година патувањето во Шенген зоната ќе ве чини 7 евра

0
By Светлана Јовановска on April 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од 20121 година пред секое ваше патување во некоја од земјите членки на Шенген зоната, ќе треба да побарате одобрување за да тргнете на пат. Ова ново правило се однесува на сите земји што не се членки на ЕУ а се ослободени од визи, помеѓу кои и Македонија.

Ваков договор денес постигнаа земјите членки на ЕУ и Европскиот парламент. А идејата стаса од Германија и Франција. Нивните министри за внатрешни работи го најавија системот уште на 23 август 2016 година.

«Со ова ќе знаеме кои лица влегуваат во ЕУ пред тие да стасаат на границата и со тоа ќе можеме да ги сопреме тие што се закана за нашите граѓани», изјави денес бугарскиот министер за внатрешни работи Валентин Радев, претседавач на Советот на министрите на ЕУ во овој прв семестар на оваа година.

Овој нов систем го доби името ЕТИАС (European Union Travel Information and Autorisation System) а ЕУ беше инспирана од американскиот систем ЕСТА кој во САД се применува од 2009 година. ЕТИАС ќе дозволи контрола на околу 40 милиони патници од над 60 земји чии што граѓани во ЕУ патуваат без виза.

Патниците од овие земји, помеѓу кои и Македонија, ќе треба да пополнат формулар на интернет со нивните лични податоци и да платат 7 евра. Потоа формуларот ќе биде разгледан во канцелариите на ЕТИАС што ќе постојат во секоја земја членка на Шенген. Истовремено формуларот го добива и Интерпол кој веднаш го проверува со својата база на податоци.

Доколку едно лице се смета ризично во поглед на безбедноста, доколку станува збор за нелегална миграција или постои ризик од епидемија, на тоа лице ќе му биде одбиен престојот во Шенген зоната. Лицето ќе биде известено за причините за одбивањето и неговото право на жалба.

Одобрувањето или одбивањето ќе бидат испратени најдоцна 96 часа по испраќањето на барањето за престој во Шенген зоната.

Авио превозниците како и бродскиот транспорт ќе мораат на проверуваат дали нивните патници поседуваат зелено светло за влез во Шенген.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во октомври 2017 година најави дека ќе разговара со сите негови колеги од регионот, чии земји се засегнати од новата мерка на Европската унија за воведување такса за влез на граѓаните на балканските земји кои имаат безвизен режим, за да се најде заеднички пристап кон ова прашање.

 

European Union Travel Information and Autorisation System ЕТИАС шенген
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.