Published: Sunday, May 3, 2015 14:37
За реизбор на Никола Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ денес во Куманово, на 15 Конгрес на партијата, гласаа 528 членови на партијата а вкупниот број на гласачи беше 560. Едно ливче било неважачеко.
Тој беше единствениот кандидат заа претседателското место на партијата.
Резултатите од денешното гласање ги соопшти Илија Димовски, претседателот на Комисија за спроведување на избори.
Груевски за лидер на партијата прв пат беше избран на Конгресот во Охрид 2003 година, а противкандидат му беше Марјан Ѓорчев. Мандатот го потврди и на Конгресот во Штип во 2007 година и во Битола во 2011 година.




