Од денес повторно се дозволува движење на граѓани во шумите. Владата врз основа на препораките на Главниот штаб за управување со кризи, на вчерашната седница донесе одлука за укинување на забраната за движење во шуми и шумски предели и ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да спроведуваат засилени контроли за заштита и спречување на пожари на отворено
Владата го задолжи ЈП „Национални шуми“ да донесе програма за пошумување со план за активности уште во текот на оваа есен. Дополнително, Владата го задолжи ова јавно претпријатие целокупната количина опожарена дрвна маса како последица од пожарите да остане во сопственост и со неа целосно да стопанисува претпријатието.