Апелацискиот суд во Киев денеска ја преиначи казната на рускиот војник Вадим Шишимарин од доживотен затвор – на 15 години.

„На 23 мај 2022 година, Окружниот суд во Киев го осуди Шишимарин на доживотен затвор под обвинение за убиства на цивили во регионот Суми“, пренесе ТАСС.

Тој беше првиот руски војник кој беше осуден во Украина од почетокот на руската специјална воена операција.