Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од кои проекти се крати, а кои остануваат со ребалансираниот Буџет

0
By Нова ТВ on July 24, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Економскиот раст ќе забави – Владата на пратениците им го достави предлог – ребаланс  на Буџетот за годинава.  Намалени се проекциите за буџетски приходи, но намалени се и трошењата. Се посегна по трошоците за стоки, услуги, нерелизирани набавки, возила, мебел. Причината за овие корекции заедно со стопениот оптимизам за раст на економијата, според креторот на политиките, е политичката криза.

“Проекцијата за економскиот раст во 2017 година е ревидирана на 2,2%, споредено со првичната проекција од 3,0%, што главно ги одразува ефектите од пролонгирањето на домашната политичка криза врз економијата, во најголем дел како резултат на воздржаноста на приватниот сектор од поголеми инвестициски зафати во изминатите месеци“ – се наведува во ребалансираниот буџет.

Дел од проектите што веќе се започнати продолжуваат, но според анлизата што ја направи Portalb.mk  сепак кај дел има одредени кратења.

Еве од кои потпрограми на министерствата и на агенциите се крати или додава пари.

Ќе има пари за Скендербег, болници, гасификација …

Преку Агенцијата за вработување, а со цел  да се спроведат активните мерки за вработување со кои ќе бидат опфатени одредени категории невработени лица, со ребаланс се зголемува сумата на оваа потпрограма на ниво од 14,4 милиони евра.

За реформа во Агенцијата за катастар, планираната сума од 841 000 евра останува на исто ниво, а кај средствата за  геодетско катастарски информационен систем има праст на 1,5 милиони евра. На исто ниво од 2,1 милион евра остануваат средствата за рамномерен регионален развој преку Министерството за локална самоуправа. а нема промена ниту во сумата на парите кои преку ова Министерството се наменети за прекугранична соработка, во висина од 1 милион евра.  Преку Министерството за локална самоуправа, под чии ингеренции е плоштадот Скендербег, со ребалансот, сумата на пари за инвестициони активности за уредување на јавни површини, а со цел изградба на плоштад Скендербег, останува на ниво од 3,4 милиони евра, со што се смета дека овој проект треба да биде завршен годинава, со оглед на тоа што не се предвидени пари за буџетските 2018 и 2019 година.

Зголемување  има кај средствата планирани за изградба на нов клинички центар во Скопје и Штип, за што до крајот на годинава треба да се потрошат 11 милиони евра.

“Програмата ќе опфати изградба на нов Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје во кој ќе бидат сместени најмалку 25 клиники и неколку институти, како и изградба на нова Клиничка болница во Штип. Овој значаен капитален проект во здравствениот  сектор ќе ја поддржи континуираната реформа на здравствениот систем, во насока на унапредување, подобрување и одржување на здравјето на населението“  се наведува во преложението ребаланс на Буџетот.

Преку Министерството за здравство, незначително се намалуваат средствата за пет центри, а на исто ниво од скоро 1,2 милиони евра остануваат средствата за клиничка болница Тетово, општа болница Кичево и покрив на болница Гостивар. Значително се намалуваат парите за проектот “ Здравствена картичка“ за што новата влада испланира само две илјади евра наместо првичните – околу десет илајди евра. Преку Агенцијата за млади и спорт, за спортски објекти предвиден е буџет од скоро 5 милиони евра наместо  првичните 5,4 милиони евра.

Преку Министерството за образование, за потпрограмата реконструкција на ученички домови сумата останува иста, на ниво од 81 300 евра додека за изградба и реконструкција на студентски домови таа е намалена на 2,7 милиони евра, со тоа што во следната година се зголемува на 4 милиони евра. Преку ова министерство намалување има и кај развојната потпрограма за изградба на училишни спортски сали во средни училишта и за реконструкција и изградба на средните училишта. Се намалуваат и средствата по овие основи и за основните училишта.  За проектот “ превод на книги од реномирани автори “ трошоците се намалени на 1,3 милиони евра, а намалување има и кај потпрограма со која се опфатени  активности поврзани со превод и печатење на 50 универзитетски учебници, кои се употребуваат на првите 10 рангирани универзитети согласно Шангајската листа.

Преку Министерството за труд и социјална политика за поттикнување на вработувањето се предвидени 226 000 евра, што претставува зголемување во однос на претходните проекции.

“Основна цел на оваа потпрограма е зголемувањето на вработеноста како врвен приоритет на Владата на РМ и најдобар начин за справување со сиромаштијата и социјалната исклученост. Во рамките на оваа програма планирани се средства за вработувања на децата без родители и родителска грижа“ – се наведува во предлог ребланс на Буџетот.

Преку Министерството за транспорт, за развој на туристички развојни зони целосно се укинуваат средствата, како и за изградба на водовод и канализација  во Визбегово. За инвестиции во железничката инфраструктура буџетот е намален на  16,1 милион евра.  За потпрограмата изградба на плажи средствата се преполовени на 650 000 евра. За клчниот прокет “гасификација“ сумата останува непроменета, за што годинава се испланирани 31,5 милион евра.

“Со оваа потпрограма опфатени се активности за изградба на Национален гасоводен систем во Република Македонија, по претходно изработена физибилити студија за гасоводен систем на Република Македонија со идеен проект и изработена проектна документација. Националниот гасоводен систем се финансира со средства од обврските на Руската Федерација кон Република Македонија, како и со заем од Дојче банка и Ерсте груп банка“ – посочува предлагачот на Буџетот.

Преку Министерството за внатрешни работи помалку пари се одвојуваат за Реформи во полицијата за што ќе бидата наменети 7,8 милиони евра  додека зголемување, меѓудругото има кај потпроектот за реконструкција и опремување на згради со што   треба да  се подобрат условите за работа на вработените во МВР, обезбедување на соодветна инфраструктура согласно европските стандарди и нивно материјално-техничко опремување. Кај Министерството за одбрана се зголмуваат средствата за Модернизација во МО на ниво од 300 000 евра .

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.