Од Кривичниот суд не сакаат да ги коментираат наводите од Обвинителството за гонење организиран криминал и корпуција дека копија од записникот од распитот на Камчев, а кој беше објавен во јавноста бил доставен до Судот.
Од таму велат дека очекуваат истрагата да покаже како документот протекол во медиумите.
„Истрагата треба да покаже дали записникот протекол од некоја институција која го имала документот по службена должност, како што се Обвинителството и судовите, или од некои од лицата инволвирани во случајот“, велат од Судот. Оттаму додаваат дека без оглед од каде протекле документите, ако биде откриен, сторителот ќе одговора за оддавање службена тајна по член 360 од Кривичниот Законик.
„Добро е да се открие кои се мотивите за ваквите објави и кој има корист. Истрагата нема сигурно“ коментираат од Кривичен за НОВА .
Претходно од Обвинителството за организирн криминал соопштија дека „оригиналните списи од предметот ги поседува Обвинителството за гонење на организиран криминал, а копија од нив беше доставена само во Судот“.
Порталот Инфомакс синоќа објави копија од првата страница од записникот од распитот на Орце Камчев за случајот Рекет.
Во објавената копија може да се прочита дека Камчев пред Русковска тврдел дека историјатот на контактите со Бојан Јовановски и Зоран Милевски (осомничени во „Рекет“) започнува од септември 2018 г. кога Боки 13 првично му нуди „фиктивен проект за продажба на права за некаков тип на Fashion Mall“. На вториот состанок, според Камчев, Боки 13 донел „тип на договор кој беше потпишан од директорот на таа компанија за франшиза, а тоа е синот на обвинителката Катица Јанева“. Камчев вели дека му биле побарани 4 милиони евра за „ноу-хау“ и дека тој сфатил оти станува збор за фиктивен проект, па го одбил.
Следувал и втор обид од Јовановски, овој пат да му продаде „ексклузивна лиценца за старечки домови, од некоја европска асоцијација“, за која Камчев би добил ексклузивитет за територијата на Скопје.
„Јас сфатив дека се работи за земање рекет од страна на Бојан, затоа што тој претходно веќе измамил двајца луѓе со истиот договор за лиценца за старечки домови“, се цитира Камчев во објавениот Записник и притоа наведува дека мисли на Силјан Мицевски од Битола и роднина на Фијат Цаноски од Струга.
Во текстот на „Инфомакс“ има и други цитати од Записникот, но нивната содржина не може да се провери зашто е објавен факсимил само од првата страна на документот.
Обвинителката Вилма Руковска ја потврди автентичноста на објавената фотографија од првата страница од записникот од сведочењето на бизнисменот Јордан Камчев за случајот „Рекет“. Останатите наводни делови од сведочењето на Камчев и коментарите на авторот на текстот, од Обвинителството соопштија дека Рускоска нема да ги коментира.