Македонски граѓани од 26-ти март за британска виза ќе можат да аплицираат во Скопје преку компанијата Teleperformance, која потпиша договор со британската Агенција за визи и миграција.
Оваа компанија потпиша договор со британската Агенција за визи и миграција за да ги спроведува барањата за британски визи.
Канцеларијата на компанијата ќе биде во трговскиот центар Соравија и ќе работи од 9 до 13 часот, три дена во неделата – понеделник, вторник и среда. Апликациите за визи ќе се примаат со претходно закажан термин.
Услугата ќе чини 59 фунти кои ќе се наплаќаат во евра според моменталната конзуларна курсна листа, која што претходно е одобрена од Парламентот на Обединетото Кралство. Повеќе информации за начинот на апликација можат да се добијат на вебстраницата на британската амбасада.




