Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од Музејот украдени и обетките кои ги красат македонските банкноти

0
By Нова ТВ on December 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 12, 2013 12:50

Артефактите кои се од непроценлива вредност, а кои ги красат и македонските банкноти од 500 и од 1.000 денари се меѓу исчезнатите предмети од Музејот на Македонија, објавува „Дневник“.

Станува збор за исклучително важни предмети кои немаат само археолошка вредност, туку и голема културно-историска важност за земјата со оглед на фактот дека биле издвоени како предмети да бидат поставени на аверсот и на реверсот на македонските банкноти.

Не е познато каде се наоѓаат овие артефакти, дали се во Македонија или се продадени и прошверцувани надвор од земјава со оглед на фактот дека не се знае кој и кога ги зел предметите од Музејот.

Според информациите на „Дневник“, од најмалку 160 предмети за кои постои документација дека се исчезнати од Музејот, истражните органи утврдиле дека недостигаат 4 исклучително важни артефакти. Станува збор за златна обетка со приказ на Ерос и Амор, златна обетка со приказ на гулабица (прикажана на аверсот и на реверсот на банкнотата од 1.000 денари), златна обетка со приказ на лавовска глава и нецелосна златна обетка со чунеста форма, украсена со гранулации и палмети на која од горната страна има сфинга која седи (прикажана на аверсот и на реверсот на банкнотата од 500 денари). Последниот предмет потекнува од ископување од 1964 година од локалитетот познат како Црквиште во битолското село Беранци.

Неколку илјади археолошки предмети што никаде не се заведени, односно не се фотографирани и соодветно евидентирани биле пронајдени во музејското депо и во други делови од Музејот, дознава „Дневник“ од извори од истрагата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.