Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од над илјада украдени артефакти во Албанија- 21 икона и припаѓаат на МПЦ

0
By Нова ТВ on February 18, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 18, 2014 10:23

Од македонските цркви биле украдени 21 икона, од вкупно 1.077 икони, артефакти, бронзени и други предмети, кои потекнуваат од средниот век, а беа запленети во акцијата „Икона“, што албанската полиција ја реализира во октомври минатата година.

Ова е наведено во Ивештајот подготвен од единаесет албански експерти по иконографија. Сега се чека на официјално барање од македонска страна за нивно враќање.

Кон крајот на декември лани, група од петмина експерти по иконографија и вработени во македонската полиција во присуство на обвинител, престојуваа во Тирана, заради идентификација на иконите украдени од Македонија, кога беше соопштено дека најмалку дваесет икони припаѓаат на македонските цркви.

Во Извештајот се наведува дека другите икони пронајдени кај „колекционерот“ Ѓерѓи Тимо (52) биле украдени од црквите „Свети Атанасиј“ во Воскопоја, истоимената црква во Караваста кај Љушња, црквата „Света Богородица“ во Љушња и манастирот во Спила.

Во акцијата „Икона“ покрај Тимо беше уапсен и неговиот пријател Арбен Спахо (43). Кога полицијата го откри магацинот со 454 икони и други вредни предмети, Тимо тврдеше дека е обичен колекционер, но потоа признал дека иконите се украдени од цркви во Албанија, а за некои рекол дека се украдени и од Македонија.

Според Обвинителството, Тимо надвор од земјата, главно во Италија, продал најмалку 40 икони, иако бил свесен дека се украдени, додека осум стари и многу вредни икони за по 10.000 евра продал во Швајцарија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.