Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од новата библиотека во Тетово има само камен темелник

0
By Нова ТВ on February 21, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 21, 2015 15:59

Градбата на новиот театар и новата градска библиотека во Тетово се уште не започнала. Лани на 28 ноември на денот на албанското знаме, се постави камен темелник за овие културни зданија, кои владата ги најавува седум години по ред. По тој повод се одржа свеченост, каде присуствуваа сите министри на ДУИ.

Тогаш се фрлија неколку лопати со малтер, но веќе трет месец нема никакви градежни активности. Градежната парцела само се огради, а во неа со месеци стои паркирана градежната механизација. Хаки Фазлиу, директор на Културниот дом Тетово, институција надлежна да менаџира со изградбата на објектот, вели дека најпрвин треба да се дислоцира трансформаторот лоциран на градежната парцела, па потоа да се започне со градење. За сето ова е потребно време.

– Трансформаторот е објект на ЕВН, кој со струја снабдува 10 населби во Тетово. За да се дислоцира потребен е подолг период, но и стручност. Во преговори сме со ЕВН, нивни екипи да го извршат дислоцирањето. Затоа што освен трансформаторот, под самата градежна працела постојат и кабли за струја. Ние не сме знаеле дека се работи за толку комплициран транформатор. Ние планиравме со градба да започнеме утредента по поставувањето на камен темелникот, но работата малку се искомплицира, изјави директорот на културниот дом Хаки Фазлиу.


Новиот театар и новата градска библиотека ќе се градат на еден од ретките паркинг простори во Тетово, наспроти Културниот дом. Граѓаните реагираат. Сега останавме без доволно паркинг места, на сметка на објект кој нема абер да започне да се гради, велат тие.

– Градот е во тотален сообраќаен хаос, без доволно слободни паркинг места. Најчесто автомобилите ги паркиравме на овој паркинг простор, кој што сега е ограден наводно за некаков објект од областа на културата. Но, како што гледам тука ништо не се гради, вели еден тетовец.

– Не верувам дека нешто ќе се изгради во Тетово, тука ништо не се инвестира, па и долго најавуваниот објект преставува чист политички маркетинг, додава друг граѓанин.

Директорот на културниот дом Хаки Фазлиу, вели дека граѓаните треба да бидат трпеливи. Со изградбата на објектот, се предвидуваат и подземни гаражи, со што конечно ќе се реши проблемот со паркирањето во овој дел на градот.

– Првично се предвидени подземни гаражи на три ката под приземјето. Колку ќе се оди надолу, зависи од структурата на земјиштето, за која претходно има направено стручна анализа. Но, сепак праксата ќе покаже дали ќе може да има три ката подземни гаражи. Ако не бидат три, два ката ќе има сигурно, изјави Фазлиу.

Вкупната инвестиција за новиот театар и новата градска библиотека ќе изнесува 13 милиони евра. Доколку се реализира овој проект, ќе се реши долгогодишниот проблем со недостигот на просторни услови, со кои се соочуваат тетовските актери. Тие подолг период немаат слободни термини за проби и одржување на престави во Културниот дом. Според проектот, театарот е со капацитет за 700 лица а библиотеката ќе располага со простор за 500 000 книги. И двете зданија ќе бидат дел од еден мултифункционален објект, каде ќе има и кино сала.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.