Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од понеделник доаѓаат инвеститори за еврообврзницата

0
By Нова ТВ on July 8, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Инвеститори од Велика Британија и САД од 11 јули ќе ја посетат Македонија, откако Владата им даде мандат на банките да организираат серија средби за најавеното задолжување со еврообврзницата, јави Ројтерс.

Телма денеска објави дека во Службен весник веќе е објавена одлуката на Владата од седницата одржана на 21 јуни со која се утврдува дека максималниот износ на новото задолжување со еврообврзница која ке се емитува во 2016 година е 650 милиони евра.

Парите ке се користат за покривање на буџетскиот дефицит за оваа и следната година и за рефинансирање на старите долгови.Еврообврзницата ке се отплака 10 години и ке биде издадена преку претставништвото на Дојче банк во Лондон

Во одлуката уште се наведува дека еврообврзницата ќе котира и со неа ќе се тргува на Ирската берза за хартии од вредност.

Информацијата за задолжувањето со еврообврзница не го објави ниту една државна или финансиска институција, туку лидерот на ВМРО –ДПМНЕ Никола Груевски во изјава минатиот месец.

– Не сум информиран во детали, но од она што го помнам од минатата година, кога СДСМ стави некаков вид на блокада на издавањето на еврообврзницата, тие, таа деблокада ја условија со тоа што обврзницата да биде издадена само за шест месеци, наместо за една година како што претходно беше планирано и како што е вообичаена пракса во секоја држава. Така што претпоставувам дека ќе има потреба од такво нешто и дека Министерството за финансии и Владата ќе пристапат кон тоа бидејќи тоа е нормален начин за финансирање на дефицитот во една држава, изјави Груевски.

Потоа, и министерот за финансии Кирил Миновски потврди дека ќе се изададе еврообврзница, но не ја прецизираше сумата. Тој рече амо дека Владата му дала мандат на Министерството за финансии да го истражи пазарот за издавање еврообврзница.

-Во следниот период тим од Министерството за финансии ќе го истражи пазарот и доколку се создадат поволни услови, би се издала еврообврзница.Во таа насока, внимателно ги следиме случувањата на светските пазари на хартии од вредност, во контекст на референдумското одлучување на граѓаните на Велика Британија за излез од Европската Унија. Исходот од референдумот ќе има директно влијание врз движењата на меѓународниот пазар на капитал, изјави Миноски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.