Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од понеделник мобилна болница до Инфективна клиника – на Кардиологија еден заболен

0
By Менче Атанасова Точи on March 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 27, 2020 15:52

Од понеделник до Инфективната клиника ќе биде поставена мобилна болница од Армијата, со капацитет од 110 кревети, а лекарите од клиниката ќе ротираат со своите тимови

Еден од членовите на резервниот тим на Клиниката за кардиологија пројавил симптоми на работното место. Случајот е забележан во делот на ангиографската сала каде што нема лежечки пациенти, туку се прават интервенции на срце кај пациенти и во тој дел, лекарите во однос на контактот кон пациентите се целосно заштитени, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

„Детално ќе се испита што точно се случувало на Кардиологија. Доколку се установи дека некој се појавил на работно место свесен дека има симптоми, ќе следуваат најстроги казни. Што се однесува до мобилната болница која ќе биде стационирана до Инфективна клиника, таа ќе биде од голема помош со капацитет од 110 кревети и 120 на клиниката што сметаме дека засега е доволно доколку дојде до поголем наплив од пациенти. Засега кривата, зголмувањето на заболени се движи линерано, но ние сме подготвени и за поголем раст на бројот на заболени “, потенцира Филипче.

Анализата на материјалите од лица од Заводот за рехабилитација во Козле сè уште трае, а во меѓувреме се земени примероци од уште 18 вработени, по што ќе се знае каков распоред и организација на работа ќе се направи. Најверојатно од понеделник  Заводот  работи само за амбулансткиот дел во установата.

Тој рече дека 3000 заштитни маски се поделни на матичните лекари, а ќе бидат дистрибуирани уште толку.

„Матичните лекари се вклучени во системот за детекција на болни и на нив им се потребни заштитни маски, рече Филипче.

Во однос на примањето на новата терапија, на прашање на НОВА,  дали ќе бидат транспортирани до Инфективна клиника за аплицирање на лекот и тие што се на домашно лекување вклучително и пациентите кои се хоспитализирани во Дебар и како ќе го регулираат притисокот од сите што ќе сакат да ја примаат  терапија, министерот со одговор:

„Сите ќе добијат терапија. Се организира начинот на транспорт, тие ќе треба да ја примаат терпијатра пет дена во болнички услови каде ќе доаѓаат и кардиолози. Ќе се организира дополнително дали ќе примаат и ќе се враќаат или ќе останат 5 дена на клиника“, рече Филипче.

Тој нагласи и дека не треба да се има сомнеж за несподелување на точни бројки во врска со бројот на заразени лица со Ковид-19 во земјата бидејќи овие податоци се споделуваат и со СЗО.

Во изминатите 24 часа, рече тој, се регистирани 18 нови случаи со што вкупната бројка на заболени во земјата до 12 часот денеска е 219. Нови случаи се регистрирани кај лица од Скопје, од Прилеп, Куманово и Тетово. Според местото на живеење, случаи на Ковид-19 се забележани во Скопје, во Дебар, во Куманово, во Штип, во Прилеп, во Охрид, во Велес, во Кавадарци, во Тетово и во Гостивар. Тројца од заболени се излекувани, а тројца, за жал, починаа.

„На Инфективната клиника се хоспитализирани 41 пациент од кои седум во потешка состојба, но истите се независни од респиратор, 27 се наоѓаат во средно-тешки состојба, а седум имаат поблаги симптоми. Стабилна се состојбата и на пациентите во Штип“, порача Филипче.

Во однос на лицата кои се вратиле од странство, а кои беа во изолација од 14 дена денеска на Комисијата за заразни болести се разговарало и одлучиле тие да не мора да прават тестови доколку немаат симптоми. Дел од овие лица имаат по истекот на изолација, при излегување од дома бидејќи полицијата им бара тетсови, во спротивно следуваат казни.

Филипче се осврна и на фондовската цена на реагенсите за тестирање на вирусот, за која излезе информација дека е речиси 5000 денари. Тој рече дека тоа е цена по која ФЗОРСМ ги откупува услугите по ДРГ метода, дека тука спаѓа специфична технологија, трудот на вработените и нивните плати. За разлика од овие цени кои одат на товар на Фондот, во приватните лаборатории кои сега ги признава и Министерството за здравство, цените се движат од 1200 до 1500 денари по тест. Досега, според официјалните податоци се тестирани вкупно 1800 луѓе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.