Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Oд септември линеарно зголемување на пензиите

0
By Marija Todorovska on June 28, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на денешната прва седница расправаше за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари, при што беше потврдена заложбата и беше одлучено ова зголемување да се реализира на два пати, од кои првата исплата од 2.500 денари ќе биде во септември, а втората од 2.500 денари ќе следува во март.

-Пензионер кој има пензија од 15.000 денари со покачувањето во септември ќе има пензија од 17.500 денари, а со покачувањето во март идната година од 20.000 денари. Таквата пензија ќе ја добива секој месец, а првото вообичаено усогласување на пензиите со трошоците на живот ќе го имаат во септември 2025 година, рече вчера министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во интервју за ТВ Сител.

Нагласи дека со ребалансот на Буџетот ќе треба да се обезбедат уште околу 80 милиони евра за да можат да се исплаќаат зголемените пензии. Од нив, како што кажа, околу 40 милиони евра се за линеарното зголемување, а останатите 40 милиони евра не биле предвидени од поранешната власт во Буџетот за годинава за непречена исплата на пензиите.

-Ќе можеме да ги обезбедиме овие средства затоа што ќе скратиме од непродуктивните трошоци. За жал за годинава невозможно е да се скрати се зашто во голем дел се веќе исплатени средствата и имаме огромен буџетски дефицит. Парите се веќе потрошени и нема од каде да се скрати, но се она што е непродуктивно и останало ќе се крати, рече Димитриеска Кочоска и додаде дека има уште простор за кратење зошто, како што кажа, има многу нелогичности.

Најавеното линеарно покачување на пензиите од страна на новата Влада го поздрави Пензионерскиот синдикат на Македонија (ПСМ), членка при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), кој ги здружува пензионерите од целата земја.

-Социо-економскиот статус на пензионерите во Македонија во последните години е навистина на незавидно ниво. Потребно е пензиите да се зголемуваат за да можат истите да бидат доволни за да им овозможат пристоен живот на пензионерите. Се надеваме дека во иднина со новата Влада ќе имаме фер и коректен социјален дијалог и дека ќе ги ставиме на маса сите проблеми кои ги засегаат пензионерите, порачаа од ПСМ.

Влада КСС пензии ПСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.