Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од Скопје до Газа – Народот вели не! – Антивоен протест против НАТО, војната во Украина, геноцидот во Газа и милитаризацијата на Европа

0
By Marija Todorovska on June 25, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчера, во Скопје, иницијативата Сите за Палестина, социјалниот центар „Дуња“ и Социјалистичка зора организираа протестен марш низ улиците на Скопје за да се спротивстават на глобалната милитаризација, капиталистичката репресија кон народот и геноцидот кој секојдневно се случува врз палестинскиот народ.

Маршот, под мотото „Од Скопје до Газа – народот вели НЕ!“, е дел од глобална и регионална мобилизација која истовремено се одвиваше во Бугарија, Грција, Словенија, Хрватска, како и многу земји ширум светот во пресрет на самитот на НАТО. Во фокусот на протестот беа најновите воени трошоци на Европската унија, воената агресија на НАТО и глобалниот колапс на услови за живеење, додека воената индустрија кити исклучително високи профити замногу малку луѓе.

ЕУ неодамна усвои рекорден воен буџет од 800 милијарди евра, сума која, според демонстрантите, директно оди во рацете на воените корпорации и машинеријата на смртта. Новиот буџет, предложен од Вашингтон, ги задолжуваземјите членки 5% од БДП да го вложат во милитаризација. Протестантите порачаа дека овој буџет не носи мир,туку профит за елитите, додека народот се дави во сиромаштија, економска несигурност и колапс на јавните услуги.

„НАТО не штити НАТО убива,“ беше едно од клучните пораки на протестот. Присутните ја осудија улогата на Македонија во поддршката на империјалните агенди на Западот, вклучувајќи ја и нејзината молкотна соработка со злосторствата на израелската држава во Газа.

Со конкретни податоци и сведоштва, демонстрантите повторно ја изложија катастрофалната состојба во Газа. Над 50.000 деца убиени или повредени од октомври 2023; 464 нападнати здравствени установи, над 700 убиениздравствени работници; Над 2 милиони луѓе живеат под тотална блокада на територија со големина на урбаниот дел на Скопје.

 За ова, организаторите го обвинија Западот – и ЕУ, и САД, и НАТО – за директна соучесништво во геноцидот преку финансирање и логистичка поддршка на израелската агресија, како и продолжување на војната помеѓу Украина и Русија со цел зголемување на воените буџети, и америчките напади на земјите на блискиот исток. Македонската влада уште еднаш беше осудена за отворена поддршка на израел со својата воздржаност во Обединетите нации, осудување на бомбардирање на болници во израел додека истиот израел унишува болници, училишта и го убива цело население во Палестина.

Протестот заврши пред Амбасадата на САД во Скопје, каде говорниците остро ја осудија улогата на американската надворешна политика во воените конфликти ширум светот  од Палестина, до Ирак, Либија, Иран и Сирија. Особено внимание беше посветено на лицемерието на САД во однос на зборување за реформи и демократија во Македонија, додека со своите геополитички дејствија се однесува како терорист.

Демонстраните потенцираа дека борбата ќе продолжи додека сите имаат права.

газа демонстранти Палестина Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.