Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од утре почнува пријавувањето на лицата „фантоми“

0
By Нова ТВ on March 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од утре па во наредните 6 месеци, во Управата за водење на Матични книги ќе можат да се пријавуваат сите  лица кои не се евидентирани во Матичната книга на родени, најави министерката за труд Мила Царовска.  Се проценува дека во Македонија има околу 3000 лица кои немаат никакви документи и државјанство. Овие лица  „фантоми“  ќе добијат привремен регистарски број, со кој ќе можат да добијат здравствена заштита, право на социјална помош и образование.

Директорот на Управата за водење матични книги Бујар Дарлишта рече дека на ваков начин ќе се овозможи целосна социјална инклузија на лицата кои досега биле на маргините на општеството и не ги уживале правата, поради тоа што нивните раѓања не се пријавени во матичната книга на родените и не можат да добијат прв извод на родени.

– Повикот ќе трае шест месеци, од 1 април до 30 септември 2018 година. Во овој период сите лица кои не се регистрирани или пак ги немаат регистрирано нивните деца во матичните книги да појдат во подрачните единици на Управата и да поднесат барање за дополнително запушување. Тоа важи за лица родени во домашни услови или во здравствени установи, но, нивните родители не го пријавиле раѓањето, рече тој.

Поддршка на овој процес ќе дадат и меѓународни организации кои ќе помогнат во теренските активности за лоцирање и информирање на овие лица, како и помош да дојдат до подрачните единици и да поднесат барање за дополнително запишување.

Во февруари минатата година НОВА објави сторијата со наслов „Во Македонија има 3000 „фантоми“ без никакви човекови права“ во која се пренесува голготата низ која минуваат овие семејства, но и негрижата на државата за овие луѓе.

 

 

 

 

фантоми Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.