Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, целата територија на Република Македонија, од утре (понеделник) е биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза.
Станува збор за температури до 37 степени Целзиусови, кои се повисоки за овој период од годината и потребна е посебна внимателност за заштита на здравјето на населението и адаптација кон повисоките температури.
Потребно е да се почитуваат општите препораки за заштита од повисоки температури, одбегнување на директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и повеќе течности.
Посебно внимателни да бидат постарите, хронично болни лица, кои треба редовно да ја земаат препишаната терапија од лекар.
Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, потребно е темелно миење на овошјето и зеленчукот пред нивната употреба, добра термичка подготовка на храната, задолжително чување на храна во фрижидер на + 8 степени, како и избегнување консумација на лесно расипливи производи (кремови, мајонези, и сл).




