Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одата заменета со Танцот на смртта (Danse Macabre)

0
By Marija Todorovska on January 17, 2024 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

БОРКО ЗАФИРОВСКИ / Цивил Медиа

Минатата година во ноември, логично се очекуваше усвојување на уставните измени, што ќе значеше почеток на втората меѓувладина средба на Република Северна Македонија и Европската унија.

Тоа ќе беше крај и на внатрешнополитичката вознемиреност предизвикувана со ниските методи и мотиви на континуираната  опозициска деструктивност. Предводена од вмровско- дпмнеовска бајата кујна со мирис на стари цокули и тврда чоја од непозната природа, а по 1948, аплицирани со „енвероџовска“ посна салата од бетон и крвав есцајг со ‘рѓа од деведесеттите, па наваму. Познати продукти но занемарени од перфидност и прикривања, на заборавен кетеринг. Идеализиран социјалистички морал.

Од друга страна тоа ќе значеше и активна Европска економско-политичка пракса на проток на идеи, луѓе и пари. Секако, општа клима на флексибилна и позитивна општествена активност ,и крај на валкани уличарски пропаганда со дополнително пљачкосување преку непродуктивни државни кадри и фирми, кои гусарски ја тероризираат јавноста и државата. На сите нивоа и со најразлични причини, од  „игла до локомотива”.

Отворањето на таа нова страница со Европско партнерство, според веќе воспоставената пракса и протоколарната етикеција, низ церемонија со најавите и со музичката завеса на Одата на радоста, позната како четврти став од Деветтата симфонија на Лудвиг Ван Бетовен, односно Химната на Советот и на Европската унија. Воедно таа во текстуална изведба ќе беше на преводот од стиховите на Фридрих Шилер ( Ode an die Freude), во случајов на македонски, како еден од јазиците на Европа.

Очекувањата на голем дел од јавноста, со неверица, си ги прифативме како бесмислен удар врз нашите заблуди а уште по болно и заблуди на меѓународната активна елита, претежно од ЕУ и Соединетите американски држави.

На Шилер и Бетовен не ни помислуваме, позитивно впрегнати во Конференцијата на ОБСЕ, на содржинско политичките програми и безбедноста, која со заеднички сили, со Западот но и Рускиот Исток (?) , ги одигравме потврдувајќи ја погодности дека територијата и “народот во долината на Вардар”, има значаен потенцијал а и геостратешка позиција, еднаква на клучни точки во светот. ( Тоа што САД, НАТО,   Европа по Ју искуствата, но и Русија, за разлика од наши шеговити духовно провинцијални „мудреци” аналитичари), добро го анализираат и не отстапуваат од заштита и партнерство и постојано ривалство кое бара наша внатрешна зрелост, чија самосвест е нападната. Дали е и дел на високо ривалство?

Да!

Како течеа настаните, од есента кон „ноември”, продолжи шемата на опозиционото медиокритетско а, веќе за сите јасно, планирано слабеење и депресирање во општеството. Стана „ништо ново” насилството во Собранието, од „слободното” гласање за буџет, со тепање и исфрлање на пратеници и новинари, па следното за избор на влада, едноставно, Законодавниот дом кон кој му покажуваа со прст на „народот” од платенички топли, скоро без исклучок и остатокот од социјалистичката академска дружина, благоугодна од страв и слатко мито низ транзицијата, се просветлија во штитени фалсификатори и апаши, како и стопанствениците, па бизнисмени, приватизираното здравство а со амин на новинарите, по дифолт низ хаосот како општи сезнајковци(?)-незнајковци кои веднаш вежбаа интелигентни методи за врвна општествена манипулација, а дел од нив издавачки брошури како научни единици, „добива ” или си земаа, од статус менаџери- Интелектуалци.

Значи: по осмислено влечкање на притоки во река, се создадоа Левица и Десница, во прилог на Вмровско-дпмнеовска кауза на зло и делење на плен, а се приклучија и јуноши од Косовските лаборатории, како “модерни” оти државата Албанија , се чини, успеа да ги додржи уздите, како и Бугарското ладење на Румено-Јотовските уши, од можни силни НАТО- укажувања.

Ѓаволот од поодамна ја зема шегата, па сега и Љубчо Георгиевски раскажува приказни за љубопитни, одејќи пред куќи со спомен плочи на дејци за Бугарското дело, па заедно со кадифените денешни врховисти си плете приказни за Сарафов, Ѓорче, Пере… како и во 1999 кога ќе не делеа до Групчин.

Така доаѓаме до оската на Злото: Љ. Г. раскажува нешто за осомничениот Палевски, а тој пак, своевремено раскажуваше за мотивите на трансферот  од ВМРО  во СДСМ-овскиот Градски. Причини за самоопределување, Палевски наведуваше во рушфетот, услугите што бесплатно треба да ги подарува на Љубчо и неговите, од климатизери, до градби. А, видно деморализираниот СДСМ, му го “поклони” Градскиот засилен со капацитетни  членови од ЦО меѓу кои бев и јас, (патем веќе на Заводот, за невработени), за да се истакне дека Градски е по силен и од ЦО- ударна тупаница.

Палевски тек ќе биде тема но пред се на судството а службите да си ги проверат корените на криминалот и меѓународниот средновековен театар, на тлото од малата бивша Ју република, а со највеќе амфитеатри, скапоцени цркви и друго наследено богатство, за кое нема доволна свест, како и за гео-стратегијата, освен со НАТО.

Загатката од крајот на деведесеттите и крајот на 2023 лежи во повеќе од 25 годишно исцрпување и детронизација на бројни состави на интелигенцијата, значи на стручноста низ дисциплините, конкретно на исчезнувањето на средната класа.

И 1999 е ориентир оти  тоа беше лекција каде ќе се оди: Неделник ,ТВ Скопје во приземни простории на Радио Бран ( без услови за студиска кубатура), но со приказните на Палевски дека има Која да му финансира техника од Виена… до единственото што го направи освен пропаста на Градска и поволностите за негови бизниси беше, обновата на куќата во Небрегово „на семејството Конески, што се презеде од  Државата, оти ќе одеше јабана за уцени.

Последниот успешен проект во тој клучен период беше дел од печатот и формирањето на „Утрински весник” како независен, со искусно и успешно уредништво, богат список на темелни, претежно надворешни соработници. Тоа е појава, која со Глобусот м.к. под силен мониторинг и незаконско  „следење”, требаше и се успеа, во обезвреднување (на Утрински), и ликвидација во долгови на „Глобус”, но и погребување на последните начела на интелектуалност и морал. Веќе истенчени.

Danse Macabre  е алегорично касно средновековно поигрување или „славење” на смртта, како Вевчанското палење на маските.

Инспиративно низ уметнички дела и обичаи ама застрашувачко во предупредувањето.

Таа алегорија персонализирани ја толкуваат ликовите на Папа, Император, Крал, Дете и Работник.

Танцот на смртта го најавија палежите и колегите низ и пред Собранието, како и љубовта кон Лавров, оргиите  и екстазите на Левица во Собранието. Се совпадна или не, настапот на десното крило со грозоморно убиство на пресметана банда чиј веројатен водач и извршител е партиски мешетар, но пред се бил, и е социопат тежок повеќе децениски криминалец и член на мрежа. Жално што успеваше да ги оправдува своите мешетарења со „емоции”, одговарајќи на прашања за големи мотиви во бизнис-политиката: ” се ќе правам само ќерка ми да живее среќно”-

Наместо Одата на радоста, добивме и го имаме Танцот на смртта.

Доаѓаат избори.

Папа, Император, Крал, Дете и Работник.


Текстот е личен став на Авторот.
ЕУ НАТО САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

ВЕСТИ October 22, 2025

Европскиот парламент усвои резолуција за Србија во која се истакнува поларизацијата и растечката репресија во…

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

October 21, 2025

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.