Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбележан 11 Октомври: Државноста и слободата не се за поделби, потребна е одговорност

0
By Нова ТВ on October 11, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 11, 2019 14:10

Голем број делегации предводени од Сојузот на борците, од Владата, Собранието, од кабинетот на претседателот, АРМ, МВР, дипломатскиот кор, општина Куманово и голем број граѓански здруженија, политички партии положија свежо цвеќе на Спомен Костурницата во Куманово во чест на 11, Октомври, Денот на Востанието. Владината делегација ја предводеше премиерот, Зоран Заев кој се обрати на чествувањето на празникот. Навраќајќи се на историјата, премиерот истакна дека денес стоиме исправено и гордо за да го одбележиме државниот празник, денот на почетокот на востанието, на борбата против фашизмот.

-На 11 Октомври овде во Куманово и во Прилеп беше означаен почетокот на завршните процеси за впишување на македонска држава на мапата на народите на светот. Тоа утро во Прилеп и Куманово пламна искрата на борбата, на отпорот, на стремежот, на нашата земја да биде дом на слободата, победник на окупацијата. На тој начин малата земја Македонија стана едно со светскиот победнички сојуз на државите што се кренаа против фашизмот, рече премиерот во обраќањето.

Осврнувајќи се на историјата, рече дека борците ги дале животите како подарок за идните генерации, со што оставиле завет идните генерации државноста и слободата да не смеат да ја изгубат.

 

Обраќајќи им се на присутните, Заев рече дека во виорот на втората свестка војна, во бурните времиња се родила македонската држава,  истакнувајќи дека обврска е секогаш да им оддаваме должна почит на државотворците на денешната прогресивна Северна Македонија.

Историјата сведочи за херојските времиња, рече Заев, кои на светот му ја презентираа културата, историјата, мозаикот на испреплетени убавини на заедниците кои живеат овде. Државата рече беше созадаена како дом на слободата, на можностите, на избор, на изразување на мисли, како едно општество за сите. Празниците се моменти кога треба да се постават прашањата, додаде премиерот, како да се зачува наследеното, како од Северна Македонија да се направи подобра држава, убаво место за живеење, чекор повеќе во освојување на слободата за граѓаните.

-Во потрагата по одговорите на овие прашања секоја генерација е должна да ги проширува видиците и да го дава својот придонес, секој граѓанин на државата. Тоа е најсвета должност и одоговорност за политичките лидери, за народните избраници, рече Заев. Тој додаде дека на дадената државност и слободата не е дадена за поделби, и дека должност е да го видат сите своето место во државата, да се преземе одговорнсоста за татковината, нова ѕвезда во европското соѕвездие.

-Денеска можеме да кажеме дека сме повторно пред историска пресвртница. Нашата генерација е пред исчекорот за остварување на стратешката цел во оваа фаза од нашата историја, пристоен живот за секого со европски животен стандард и вредности, осигурани граници, безбедност, стабилност, призанен идентитет, сето ова преку членството во НАТО, а потоа и преку членството во ЕУ, рече Заев.

Тој додаде дека таков дом им должиме на децата и идните генерации, на чекор до почеток на преговорите за членство во ЕУ, време кога после сите премрежја искушенија да се направи од државата-дом за сите. Повика да се памети и доброто и злото, да се направи разлика помеѓу напредокот и застојот, со добри дела и акции во сите области во општеството. Мисијата денес, истакна е борба за економски развој, за секое ново работно место, европски можности во здравство, култура, социјална заштита, посигурна, безбедна иднина за младите, да се мотивираат младите тука да живеат и работат, бидејќи сега го имаме и демократскиот свет на наша страна, потенцираше премиерот.

Претседателот на главниот одбор на Сојузот на борците, Никола Стојановски, се обрати пред присутните истакнувајќи дека овој ден го означува патот кон победоносната борба, кон национална и социјална слобода. Во крвавата борба загинале над 24.000 жртви и голем број инвалиди. Осврнувајќи се на историјата на нападот во Прилеп, на дејствувањата на одредите, дивизиите, корпусите, на формирањето на формацијата, февруарскиот поход, пролетната офанзива, на АСНОМ, формирањето на тогашните власти, ослободувањето на градовите, истакнувајќи дека нашиот народ заедно со светските народи може да биде горд, бидејќи застанал на вистинската страна против фашизмот.

Денеска во Собранието бше доделена државната награда 11 Октомври. Наградата за животно дело во областа на науката ја доби академик Љупчо Коцарев, додека во областа на културата и уметноста актерот Петар Мирчевски и писателот и ликовен уметник, Димитри Дурацоски.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.