Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За време на пандемијата лицата со попреченост имаат квалитетен пристап до здравствена и социјална заштита и квалитетно образование

0
By Ivana on December 4, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 4, 2021 09:57

Во организација на Владата на Република Северна Македонија, Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лица со попреченост и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ), беше одржана свечена седница со којашто беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември.

На седницата беше укажано на предизвиците што ги наметна пандемијата со КОВИД-19 во сите сегменти на живеење на лицата со попреченост, а се говореше за теми поврзани со овогодинешната тема на ОН „Лидерство и учество на лицата со попреченост кон инклузивен, достапен и одржлив постковид свет“, која се фокусира на тоа лицата со попреченост да имаат пристап до здравствена заштита, образование, вработување и да учествуваат во заедницата во услови на пандемија, за што е потребен интегриран пристап, а се со цел да лицата со попреченост да не бидат заборавени и препуштени на себе.

Претседавачот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост Спасе Додевски истакна дека пандемијата со КОВИД-19, како светска неволја, не треба да ја спречи или успори интеграцијата на лицата со попреченост, ниту да влијае на нивната функционалност. Тој истакна дека оваа Влада во изминатиот период го промени курсот на општеството и заедницата кон видливоста и прифаќањето на лицата со попреченост, го поттикна решавањето на проблемите и ги вклучи лицата со попреченост како луѓе со еднаков потенцијал во стратегијата „Едно општество за сите“.

„Инициравме и реализиравме реформи кои сами по себе го менуваат општеството и погледот кон лицата со попреченост. Креиравме нов систем на социјална заштита по мерка на граѓаните. Реализиравме нов образовен, инклузивен систем за учениците со попреченост во кој ученичката средина е еднаква за секое дете со воведување на систем на асистенција“, информираше Додевски.

Тој истакна дека со воведување на новиот систем за функционална проценка на децата и младите со попреченост креирана според Меѓународната класификација на функционалноста, директно го менуваме односот кон попреченостa како кон потенцијал, а не ограничување.

„Исто така пристапноста ја интегриравме во системски услов за секоја образовна институција која претендира на капитални инвестиции со средства од буџетот“, подвлече Додевски.

Сумирајќи го досега направеното, Додевски укажа на приоритетите на кои во иднина треба уште поинтензивно да се работи како што се носење на нов закон за вработување на лицата со попреченост, формирање функционален национален регистар на лица со попреченост кој ќе помогне во креирањето на политиките кон овие лица, обезбедување дигитална пристапност на веб страните на сите министерства и тела во состав на Владата, подобрување на условите за добивање соодветни помагала за сите лица со попреченост кои имаат потреба од нив, обезбедување повисоки стандарди за здравствена заштита, зголемување на бројот и капацитетите на ресурсните центри како регионални бази на сите услуги во образованието, како и зголемен број на дневни и рехабилитациски центри.

Претставникот од Министерството за образование и наука Душан Томшиќ истакна дека интензивно се работи на пристапноста на образовните институции при што, неодамна, пристапноста е обезбедена во четири средни и шест основни училишта. Интензивно се работи и на подигнување на јавната свест кај учениците за правата и потребите на нивните соученици со попреченост.

„Образовниот процес е поинклузивен со воведување на 500 образовни асистенти во изминатиов период и зголемувањето на буџетот за оваа намена. Работиме и на подобрување на инклузивноста и на средните училишта“, подвлече Томшиќ, и додаде дека се работи и на задолжителни обуки на наставниот кадар преку Бирото за развој на образованието и ќе се инвестира во инклузивните тимови во училиштата.

Претставничката од Министерството за труд и социјална политика Софија Спасовска укажа на процесот на редизајнирање и подобрување на социјалната заштита за лицата со попреченост во однос на паричниот надоместок. Подобрени се и социјалните услуги со отворање на два нови дневни центри во Топаанско поле во Скопје и во Липково, а во завршна фаза се дневните центри во Делчево и Тетово. Услугата лична асистенција стана достапна и за деца до 6 години, а интензивно се спроведува и лиценцирањето на даватели на социјални услуги. Како што истакна, интензивно тече и процесот на деинституционализација преку преселба на возрасните лица со интелектуална попреченост во мали групни домови.

„Сите 15 градинки отворени во земјава се целосно физички пристапни, а се предвидува децата со попреченост да имаат приоритет за упис во јавните градинки. Подобрени се и условите за вработување со посебен фонд од околу 4,7 милиони евра за поддршка на вработување на над 210 лица со попреченост, а ќе се стимулира адаптацијата на работниот амбиент и воведувањето на работни асистенти“, истакна Спасовска.

Претставникот на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија Бранимир Јовановски истакна дека во време на пандемијата од особено значење е  квалитетната здравствена заштита на лицата со попреченост.

На настанот беше презентиран и Извештај за напредокот во имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, насловен „10 години потоа“. Извештајот кој го презентираше Василка Димовска Де Јонг, е подготвен од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА“, со цел да се  прикаже што и колку е постигнато во измината деценија за подобрување на правата на лицата со интелектуална попреченост, како резултат на имплементацијата на Конвенцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.