Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одборот за ослободување на Кежо: Пријавувањето протести не е обврзувачко

0
By Нова ТВ on December 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 13, 2013 14:19

По вчерашната изјава на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска дека протестот одржан на 23 октомври 2013 г. не бил најавен, Иницијативен одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски уште еднаш да потсетува дека ниту во Уставот, ниту во Законот за јавни собири пријавувањето протести не е обврзувачко.

Имено, според член 21 од Уставот на РМ „граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола“, a според член 3 од Законот за јавни собири „заради интересите на безбедноста организаторот на јавниот собир може да го извести Министерството за внатрешни работи за одржување на јавниот собир и мерките што се преземени за неговото одржување“.

„Ја потсетуваме министерката дека уште при најавувањето на настанот во јавните медиуми, на порталите и на социјалните мрежи, Иницијативниот одбор беше наведен како организатор. Во текот на одржувањето, пак, изјави даваа наши претставници, кои објаснија зошто избравме протестот да го одржиме токму тој ден и токму пред Музејот на револуционерната борба. Од тие причини, зачудени сме од изјавата на министерката Јанкуловска дека „оние кои го инспирирале и го организирале протестот почувствувале дека треба да останат анонимни““, соопштува одборот.

Иницијативен одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски: Зоран Димитровски, Жанета Трајковска, Тамара Чаусидис, Фросина Димеска, Сашка Цветковска, Билјана Секуловска, Александар Манасиев, Јадранка Костова, Билјана Петковска, Владо Апостолов, Срѓан Стојанчов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.