Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одговор без одговор: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

0
By Zoran Ivanov on June 17, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 17, 2026 08:02

Премолчувањето на прашањата за тоа дали се преземени внатрешни безбедносни процедури и дали е извршена контраразузнавачка евалуација на штетата врз комуникациските канали со НАТО, не може да се покрие со членот 289 од ЗКП. Тоа е прашање на внатрешна одговорност на Кабинетот, а не на истражните органи.

Џабир Дерала По речиси три недели институционален молк и тактичко оддолжување, Кабинетот на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова конечно испрати некаков „одговор“ до Редакцијата на ЦИВИЛ Медиа. Наместо прецизни одговори на сериозните прашања за безбедносниот пробив, инфилтрацијата во ИТ-системите и индициите за организирано прикривање на докази, јавноста доби лаконско упатување кон член 289 од Законот за кривична постапка (ЗКП) и кон претходно изречените, крајно нејасни ставови на самата Претседателка.

Се работи за класичен пример за институционална евазија и бегство од одговорност кога се во прашање виталните национални и НАТО безбедносни интереси.

Криење зад ЗКП: Што навистина премолчува Кабинетот?

Во дописот до ЦИВИЛ, Кабинетот се повикува на законската одредба дека „сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна“.

ЦИВИЛ Медиа одлично ги познава законските рамки и во ниту еден момент од Кабинетот не побара информации кои се во ексклузивна надлежност на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Нашите прашања беа упатени директно до институцијата Претседател, во чиј скут се случи безбедносниот скандал.

Премолчувањето на прашањата за тоа дали се преземени внатрешни безбедносни процедури и дали е извршена контраразузнавачка евалуација на штетата врз комуникациските канали со НАТО, не може да се покрие со членот 289 од ЗКП. Тоа е прашање на внатрешна одговорност на Кабинетот, а не на истражните органи. Исто така, Кабинетот одби да се изјасни за сериозните наводи во кривичната пријава кои директно го инволвираат Генералниот секретар Ѓорѓи Божинов и високи структури на Агенцијата за разузнавање во обид за уништување и криптирање на електронските докази. Повикувањето на „тајност на предистрагата“ во овој контекст мириса на институционално соучесништво во молкот.

Од „збунетост“ до тотална нереспонзивност

Уште потрагикомичен е обидот на Кабинетот да нè упати кон јавно искажаните ставови на Сиљановска-Давкова. Да потсетиме, во своите единствени изјави на оваа тема, Претседателката и Врховен командант изјави дека е „малку збунета со одговорите на новинарските прашања или со објавите кои доаѓаат токму од Обвинителството“, додавајќи дека „во предистражната постапка малку се зборува, многу се работи“.

Како уреднички тим, должни сме да го поставиме суштинското прашање: Дали шефот на државата и Врховен командант на НАТО-армија смее да си дозволи луксуз во јавноста да настапува како „збунет“ набљудувач на безбедносен упад во сопствената куќа?

Упатувањето кон нејзината „збунетост“ како официјален став на институцијата е навреда за интелигенцијата на граѓаните и сериозен аларм за нашите меѓународни сојузници. Додека Обвинителството и МВР си ја префрлаат топката, а Претседателката јавно ја споделува својата дезориентираност, времето тече, а во дигиталната форензика, како што веќе предупредија експертите за ЦИВИЛ, секое доцнење овозможува трајно бришење и презапишување на системските логови.

Зад бучната реторика на Премиерот и медиумските шпекулации, останува загрижувачкиот молк на институциите. Кабинетот на Претседателката Сиљановска-Давкова и Кабинетот на Премиерот, како и Јавното обвинителство, и понатаму молчат и одбиваат да одговорат на прашањата на ЦИВИЛ Медиа.

Во овој оркестриран институционален мрак, единствениот „експресен“ одговор до ЦИВИЛ Медиа пристигна од Агенцијата за разузнавање. Но, и нивното брзо оградување — во кое тврдат дека немаат законски надлежности за внатрешната безбедност на Кабинетот на Претседателката и нè упатуваат на Обвинителството — само ја потврдува тактиката на префрлање на топката. Додека Агенцијата за разузнавање брза да ги измие рацете од наводите за вмешаност на нивни раководни лица во прикривање на доказите, суштината останува иста: ниту една институција не презема реална одговорност за безбедносната компромитација пред НАТО сојузниците.

Хронологија на една организирана евазија

Анализата на однесувањето на власта во изминатиот месец јасно ја потврдува тезата што ЦИВИЛ Медиа ја пласираше уште на почетокот на оваа афера. Сведочиме на добро координирана операција за „убивање“ на сторијата, која се одвива во неколку фази:

Фаза 1: Брутална партизација и деградација | Премиерот Христијан Мицкоски веднаш ја презеде улогата на судија, прогласувајќи ги инволвираните за „шпионски талог“ и „глодари од минатото“, со цел случајот да се сведе на банална меѓупартиска кавга.

Фаза 2: Медиумско заматување | Провладините мегафони веднаш пуштија информативен шум, измислувајќи инволвираност на француски, турски и српски служби, со цел целосно да се елиминира и скрие рускиот контекст на безбедносниот пробив.

Фаза 3: Институционален ѕид од молк | Кабинетот на Претседателката, Владата и Обвинителството со недели одбиваат да дадат одговор – или не кажуваат ниту збор или одговорите се делумни или манипулативни, чекајќи јавноста да се замори од темата.

Фаза 4: Бирократско отфрлање | Кога молкот стана неодржлив поради притисокот од ЦИВИЛ, Кабинетот прибегна кон бирократски изговори и криење зад правни формули од ЗКП.

Официјалниот допис од Кабинетот на Претседателката не е одговор, туку дијагноза за состојбата во која се наоѓаат нашите институции. Тој потврдува дека кога проруските структури во власта веќе отворено ги диктираат државните политики по терк на Москва и Белград, клучните лостови на системот се ставени во функција на нивна заштита преку намерно заматување, игнорирање и опструкција на вистината.

Криењето зад членот 289 од ЗКП, исклучувањето на службените мејлови и професорските носталгии за минатото нема да ја тргнат одговорноста од надлежните. Граѓаните имаат право да знаат кој ја шпионира државата, кој им ги испорачува безбедносните системи на НАТО на тацна на Кремљ и кои се „инсајдерите“ во институциите кои ја кочат правдата.

Текстот е сопственост на ЦиввилМедиа.мк

афера Кабинет претседаелка Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.