Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

0
By Zoran Ivanov on June 16, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 16, 2026 15:17

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на јавната дебата во Собранието за предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба.

Сите присутни на јавната дебата – вработени во судската и јавнообвинителската служба и членови на синдикатот – побараа предлог-законите да бидат повлечени и дополнети, а предупредија дека тие не се реформски, туку како да се направени да се казнат и да се замолчат вработените во овие служби.

Иако работните групи една година работеле на подготовка на предлог-законите, Министерството за правда сепак предложило нови измени, кои немале врска со она што било договарано со претставници на Министерството за правда, беше речено на расправата.

Најмногу забелешки имаше за тоа што во новиот Предлог-закон е предвидено најголем дел од судските службеници да бидат државни службеници, односно нивниот работен однос да се регулира според Законот за јавна администрација, а тоа ќе биде администрацијата која не учествувала во процесот на изработка на судски одлуки. Сите се обидоа да им објаснат на пратениците дека не постојат службеници кои не се дел од судските предмети затоа што сите учествуваат во овој процес.

– Судските службеници не се обични административни службеници, сите се индиректно поврзани со правдата, со подготовката на записници, на архиви… Секој чекор зависи од работата на судските службеници и од нивниот труд за да има навремени и законити решенија – рече Јасмина Величкова од Синдикатот на судски службеници.

Всушност, 350 службеници ќе бидат третирани само како судски, додека другите 1.550 ќе бидат под капа на извршната власт, односно Министерството за информатичко општество. Ваквото решение беше оценето како обид за влијание на извршната врз судската власт.

Маја Петрова, советник портпарол и Заменик претседател на Синдикалната организација на јавните обвинителства, порача дека тие не се обични службеници, туку секојдневно работат на предмети од организиран криминал, корупција, убиства. Очекувале многу од овој Закон, се формирала работна група која вложила огромен труд за потоа да видат други предлог-решенија.

-Со години укажуваме дека работата во јавното обвинителство не може да се третира како класична административна работа. Работиме со кривични предмети. Работиме со класифицирани информации. Работиме со финансиски истраги. Работиме со докази. Работиме во постапки кои директно влијаат врз кривичниот прогон и владеењето на правото. Токму затоа очекувавме закон што ќе ја препознае таа специфичност. Наместо тоа, добиваме закон во кој најголемиот дел од клучните прашања повторно се регулираат по логика блиска до државната администрација – порача Петрова.

Таа дополни дека залагањето за независност на судството и на обвинителството не е прашање на независноста на обвинителите, туку на институцијата.

– Во јавноста се зборува за независноста на јавните обвинители. Но многу ретко се зборува за луѓето кои стојат зад нивната работа.Без записничари нема расправа. Без архивари нема предмет. Без информатичари нема електронски систем. Без истражители нема финансиски истраги. Без стручни соработници нема правна анализа. Без административната служба нема функционално обвинителство. Затоа не може да се зборува за силно и независно јавно обвинителство ако луѓето кои го носат системот секојдневно чувствуваат дека нивниот статус останува на маргините на реформите. Деновиве нема да одлучувате само за текст на закон, туку одлучувате каква јавнообвинителска служба ќе има оваа држава во следните децении. Дали ќе изградиме професионална, автономна и мотивирана служба која ќе биде вистинска поддршка на обвинителите во борбата против криминалот, или ќе донесеме закон што ќе создаде нови дилеми, нови поделби и нови кадровски проблеми. Затоа ве повикувам внимателно да го разгледате пред конечното гласање. Бидејќи прашањето денес не е дали ќе донесете нов закон – рече Петрова.

На јавната расправа се обрати и вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи, која иронично рече дека министерот за правда нема донесено уште само правилник за исхрана на вработените.

– Предлог-законот не ги исполнува целите на реформската агенда. Најискрената реченица е дека примената на Предлог-законот нема да предизвика дополнителни финансиски импликации. Тоа покажува колку многу некој работел за удобност на буџетот, а не на вработените – рече Фетаи.

Министерот за правда Игор Филков не дојде на јавната расправа да ги слушне забелешките, а аргументите на Министерството ги бранеше заменик-министерот Ален Деребан.

– Можам да заклучам дека забелешките се однесуваат на три точки, а тоа е статусот на лицата вработени во судовите, висината на платите и на надоместоците, а имаше и забелешка за начинот на донесување на законот во однос на текстот што го изработила работната група наспроти текстот што денес е во собраниска процедура. Мора да кажам дека работната група пред една година изработи текст на законот и тој беше објавен на ЕНЕР. Законот од Министерството за правда беше доставен до Владата, но во тој период настана промена на фактичката состојба, односно беше донесен нов Закон за административни службеници, кој ќе стапи на сила на 1 јануари 2027 година и беше склучен Колективен договор со судовите и со јавните обвинителства. Овој закон мора да се усогласи со Законот за административните службеници за да нема закони што се во судир. Слушнав многу критики и забелешки, добар дел од нив се прифатливи, а јавната расправа ќе помогне да бидат преточени во амандмани – рече Деребан.

Предлог-законот за судска служба и предложениот закон за јавнообвинителска служба со сите сугестии во второ читање ќе бидат истакнати пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Извор: Слободен печат.мк

закана закон правосудство штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.