Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОДИХР: Вториот круг од локалните избори во натпреварувачки дух, регистрирани наводи за притисок врз гласачи

0
By Sashko on November 1, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вториот круг од локалните избори во Северна Македонија беше во натпреварувачки дух и изборната администрација вложи напори да одговори на некои процедурални недостатоци од првиот круг, но негативната реторика и наводите за притисок врз гласачи и кандидати продолжија да имаат негативно влијание на изборите, посочуваат прелиминарните наоди од набљудувачката мисија на ОДИХР за вториот круг од локалните избори.

Шефицата на Мисијата, Тана Де Зулиета, на денешната прес-конфернеција истакна дека лицата што ги спроведувале изборите ги извршиле техничките подготовки за вториот круг на избори во законските рамки, при што по преземените мерки да се одговори на техничките проблеми од првиот круг, вчерашниот изборен ден се одвиваше непречено, но како што посочи таа и понатаму се забележувале некои недостатоци.

Таа додаде дека поради несоодветно постапување по приговорите била отежнета ефективната употреба на правните лекови со што некои лица биле лишени од правото на глас.

Додека од кандидатите во вториот круг се бараа финансиски извештаи, тие не беа објавени пред гласањето. Од оваа причина, како и поради недоволните информации објавени во јавноста за отчетноста во врска со финансирањето во кампањата во првиот круг се намали транспарентноста, забележуваат од Мисијата на ОДИХР.

Во однос на известувањето на медиумите, набљудувачите од ОДИХР посочуваат дека радиодифузерите кои биле мониторирани обезбедиле доволно информации на гласачите за кандидатите, а вестите биле неутрални. Воедно се посочува дека најголемите парламентарни партии уживаат систематска предност во поглед на поделбата на јавните ресурси за водење кампањи и известувањето и рекламирањето во медиумите, со што се нагласува дека независните кандидати и кандидатите од помалите партии биле во значително незавидна положба.

Може да се стори повеќе за изборите во Северна Македонија да бидат поинклузивни за независните кандидати, како и за оние што ги застапуваат помалите партии. Со подобрувања на изборната рамка за да се постигне рамнотежа со тоа што ќе се договори на системските нееднаквости во можностите за водење кампања, како и да се насочи вниманието на начините на кои ќе се зголеми учеството на жените во политичкиот живот, рече Де Зулиета, која посочи дека само шест од 88 кандидати за градоначалници во вториот круг биле жени.

Шефицата на мисијата на ОДИХР, нагласи дека набљудувањето на изборниот процес во вториот круг не беше на систематски сеопфатен начин, но оти членовите на Мисијата посетиле ограничен број избирачки места на кои процесот на гласање беше оценет како добро организиран, транспарентен, мирен, иако се вели дека изолирани инциденти биле пријавени од властите.

Де Зулиета го подвлече и фактот дека во второт круг, ДИК ја објави излезноста која била 48,6 проценти и веднаш почна да објавува прелиминарни резултати кратко по затворањето на избирачките места со што ја зголеми транспарентноста.

Мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите во земјава која започна со работа на 7 септември во Скопје со тим од 16 експерти, вториот круг го следеше со 23 набуљудвачи од 13 земји. Конечниот ивештај со препораки за подобрување на изборниот процес ОДИХР ќе го објави вообичаено два месеца од изборите.

локални избори Македонија набљудувачи ОДИХР оценка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.