Пишува Димитар Бечев
Балканските народи сакаат меѓусебно да се расправаат. Без разлика дали се работи за несогласувања од минатото или борби од сегашноста, постојат многу работи кои можат да ги скараат тамошните соседи.
Сепак тука има и нешто друго освен спор: зборот „компромис“, кој негативно одѕвонува на сите јазици во Југоисточна Европа. Политичарите од Скандинавија или Германија можеби се гордееат со способноста да дојдат до договор и за поврзување на спротивставени ставови. Но, нивните колеги од Балканот изгледа уживаат во судирите, дури и кога со спротивната страна имаат се договорено зад сцената.
Таков случај е тнр. спор за името на Македонија. Откако Поранешната Југословенска Република се стекна со независнот во 1991 година, спорот со соседна Грција се наоѓа во центарот на регионалната политика. Повеќе од четвртина век помина без договор на Атина и Скопје.
А останатиот дел од светот е збунет со спорот кој ја спречува Република Македонија или ако сакате ПЈРМ да се придружи кон НАТО и да започне преговори за приклучување кон ЕУ.
За што е спорот?
Грција тврди дека Република Македонија имплицира тврдење за преземање на целиот географски регион Македонија, кој повеќе од половина е дел од грчката територија. Понатаму, повеќето Грци се бунат дека им се презема нивното наследство како антички Македонци од словенските македонски националисти. За нив Александар Велики е дел од хеленистичкиот идентитет.
Спротивставувањата се засилија кога партијата на десниот центар ВМРО ДПМНЕ започна кампања на „антиквизација“ по доаѓањето на власт во Скопје во 2006 година.
За време на ниниот популистички премиер Никола Груевски, центарот на престолнината беше преуреден да изгледа како неокласичен забавен парк, со тема која се врти околу огромната статуа на Александар Велики на фонтана на главниот плоштад. Тоа само ја засили кавгата. Грчката Влада не само што стави вето на влезот на Македонија во НАТО, туку на листата на проблематични работи го додаде и името на мнозинското население и нивниот јазик.
Но, и словенските Македонци имаат свои легитимни барања. Тие имаат право на самоопределување и право да бираат како да се викаат, како да го нарекуваат својот јазик и држава. За разлика од Бугарија, Грција не се противеше кога Македонија беше дел од комунистичка Југославија, ниту се бореше против кодификацијата на јазикот на словенските Македонци по Втората Светска војна, па ниту против признавањето на македонската нација во федералниот систем. Дури по независноста, грчката администрација го вклучи алармот поради иредентизам и да го претстави својот послаб сосед, кој едвај успеа да го избегне крвопролевањето што ја распарчи Југославија, како водечка национална закана.
Скопје навистина бараше права за етничките Македонци на северот на Грција- малцинство меѓу Словените, кои делат грчки национален идентитет. Но да се каже дека таа држава претставува вистински предизвик за Грција – членка на НАТО и ЕУ со силна војска и далеку поголема економија – навистина е претерување.
Всушност, со текот на годините Грција стана клучен трговски партнер и водечки инвеститор преку нејзината северна граница. А на крајот од приказната, во интерес на Атина е да има сосед во ЕУ како битен чекор за стабилноста и напредокот.
Компромис
А сега добрите вести. Дојде до напредок. Премиерот Зоран Заев на 12 јуни објави дека тој и грчкиот премиер Алексис Ципрас дошле до договор. „Северна Македонија“ ќе биде компромисното име, отстапка за Грција. Скопје во меѓувреме ја добива битката за името на националноста (македонски граѓани на Република Северна Македонија) и за јазикот (македонски). Придавката што Скопје ќе ја користи во службената комуникација останува „македонски“. Спогодбата мора да се потврди на референдум во Македонија и во Парламентот во Грција.
Не смее да се прецени улогата на ЕУ и НАТО. Станува збор за одлучност на владата на Заев да ја предводи Македонија во западните клубови, кои доведоа до договор со Атина. Грците го имаат клучот за приклучување кон Атлантската Алијанса и ЕУ.
На следниот состанок на Европскиот совет на самитот на шефови на држави и влади на 28 и 29 јуни, Заев и Ципрас ќе ја претстават нивната спогодба. Доколку се оди според планот, Скопје може да добие зелено светло за пристапни преговори со ЕУ. НАТО веројатно ќе ја покани „Северна Македонија“ да стане членка на својот нареден самит во Брисел (11 и 12 јули), цела деценија откако предлогот за членство беше блокиран на самитот во Букурешт. Атина тогаш на есен ќе го ратификува протоколот за приклучување, заедно со договорот за името.
Секако, постојат и такви кои би сакале сето тоа да го расипат. Премиерот на Унгарија Виктор Орбан ја повикува ВМРО ДПМНЕ која сега е во опозиција, да се бори против од надвор наметнатиот компромис. Тој го пофали Груевски- кој неодамна судот го казни за проневера, дека ја спасил Европа за време на мигрантската криза во 2015-2016 година. Но во реалноста на оваа партија ќе и биде тешко да го победи Заев на референдум. Заедно со албанските партии во Владата, премиерот би можел да собере доволно за поддршка на договорот.
Сега топката, во поголема мерка, е на теренот на Ципрас. Дали тој може да собере доволно гласови во Парламентот за договорот? Главната опозициска партија Нова демократија е против. Исто и Независни Грци, одметнатата фракција од Нова демојратија, која е во владината коалиција со Сириза на Ципрас од 2015 година. Тоа значи дека како премиер зависи од поддршката на другите делови од опозицијата, како што е левичарското Движење за промени. Доколку Ципрас успее да се избори за оваа спогодба преку процес на ратификација, тој ќе добие место во историјата.
Повеќе од потребни добри вести
Напредокот во спорот сигурно дека ќе има геополитички реперкусии. Иако за формален пристап ќе треба време, влезот на (Северна) Македонија во НАТО ќе му овозможи на Западот да слави во судирот против Русија. Државата која беше на работ на граѓански судир на почетокот на 2017 година ќе добие пофалби како успешна приказна на евроатлантскиот ангажман во време кога Европа и Канада од една страна, и САД од друга, се во судир.
Симболичната добивка сигурно дека ќе го зајакне моралот, особено што се случува една година откако Црна Гора и пристапи на Алијансата. Преговорите за членство исто така ќе бидат благодет за Скопје, освен ако скептиците како Франција и Холандија, во последен момент не ги зголемат барањата. Лидерите на ЕУ, како што се германската канцеларка Ангела Меркел, која кон крајот на мај телефонски разговараше со Заев и со Ципрас, изгледаат восхитени. Компромисот на Атина и Скопје е оној вид на добри вести кои очајно му требаат на Балканот. Да се надеваме дека Заев и Ципрас ќе успеат да ги реализираат.
Од голема помош ќе бидат НАТО и ЕУ, како и Грција доколку би играла конструктивно, но главната одговорност за позитивните промени е на македонските граѓани.
*Ставовите на Димитар Бечев се преземни од Ал Џазира Балканс.
Димитар Бечев е нерезидентен висок член на Атлантскиот совет и научен соработник на Универзитетот во Северна Каролина – Чапел Хил. Тој беше поранешен виш политички соработник и шеф на Канцеларијата во Софија на Европскиот совет за надворешни односи и предавач на Универзитетот во Оксфорд.




