Претседателот на Комисијата за политички систем, Влатко Ѓорчев, го откажа денешното продолжение на надзорната расправа за Извештајот на СЈО – притоа како причина наведувајќи дека обвинителката Катица Јанева не ги известила дека нема да присуствува.
Во петок обвинителката Јанева ја напушти седницата и јавно соопшти дека веќе нема да доаѓа, бидејќи начинот на кој се дискутира со напади од членовите од владејачкото мнозинство, за неа е класичен мобинг.
Ѓ
орчев седницата ја закажа за утре, кога на пленарна седница се предвидени пратенички прашања.
Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, ВМРО ДПМНЕ од оваа Комисија прави циркус се со цел Извештајот на Јавниот обвинител Марко Зврлески да не дојде на дневен ред на Комисијата или на пленарна седница.
Како што нагласи Сугарески, Извештајот на СЈО не е општ акт односно законски пропис, и Комисијата може да работи без присуство на Јанева.




