Иако се појавија и Никола Груевски и Миле Јанакиески и Даниела Рангелова, судењето за насилствата пред општина Центар се одложи бидејќи списите на предметот се во Апелациониот суд.
Судењето е одложено за 28 септември. Денес, покрај првообвинетите и оштетените во овој случај се појавија пред Судот.
Насилствата во општина Центар се случија во 2013 година кога група граѓани се спбраа пред општината за да ја „одбранат“ изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“. За овој случај беа објавени и прислушувани разговори во кои се слушаше како тогашниот премиер Груевски, нарачува шамари за градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
За случајот со нарачаните шлаканици, СЈО поднесе обвинителен предлог на 15 септември минатата година.