Рочиштето за случајот „Поткуп“ против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска е одложено, откако како што информираше Заев, еден од неговите адвокати, Ване Андреев, иако најавил дека ќе стигне на роиштето, имал проблеми со возилото и не успеал да дојде.
Останатите двајца адвокати, Филип Медарски и Јаким Наумов, беа отсутни поради здравствени проблеми.
Судијката во случајот, Дијана Груевска Илиевска, го закажа следното рочиште за 2.декември и покрај барањето на Заев судењето да продолжи по завршувањето на изборите.
Во судот денеска беше присутен Иван Николов, струмичкиот бизнисмен од кого, според обвинението, Заев побарал поткуп во вредност од 160.000.
Според Обвинителството, Заев во својство на градоначалник на Струмица, од струмичкиот бизнисмен побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.
Според обвинението, една половина од парите требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.