Published: Wednesday, May 13, 2026 19:01
Арбнора Мемети: Раѓањето на едно дете, пред сè, е чин на храброст нешто што многу мажи никогаш нема да го разберат.
Да изложиш во живо на TikTok жена која лежи и се подготвува да донесе нов живот на свет, од позиција на лекар, е еден од најниските и најодвратните чинови што може да ги направи еден човек.
Одлуката тој да биде вратен на работа е донесена од мизогин суд, кој го релативизираше неговиот чин со помош на неговите колеги, кои наместо да застанат на страната на жртвите, даваа изјави за тоа „колку добар колега е“.
Одлуката на судот да го врати на работа, треба да ја загрижи секоја од нас. Затоа што утре, било која од нас може да стане жртва на истото понижување и нечиј live-show за TikTok.
Извор: Фејсбук



