Актот против обвинетиот Ј.Ѓ., осомничен за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в со чл. 297 ст.1 од КЗ, се одобрува во целост, информираат од Кривичниот суд.

Основниот Кривичен суд – Скопје во целост го одобрил обвинителниот акт за сообраќајната несреќа која на 20 јануари годинава се случи во близина на трговскиот центар Сити Мол во Скопје.

– Ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителен акт, по одржана седница, донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а актот против обвинетиот Ј.Ѓ., осомничен за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в со чл. 297 ст.1 од КЗ, се одобрува во целост, информираат од Кривичниот суд.

Согласно АКМИС – системот, предметот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде насрочен термин за главна расправа, истиот ќе биде објавен на веб страната на судот во делот „Календар на судења“.

Во сообраќајката кај „Сити Мол“ на 20 јануари, загина 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, која беше прегазена на пешачкиот премин од две години помлад скопјанец Ј.Ѓ.