Published: Wednesday, December 19, 2018 08:30
Поради голем одрон и земја, од синоќа во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица.
Нема информации за повредени.
Одронот е пред крстосницата за село Бигла од страната кај Македонска Каменица. За патување кон Скопје се користи алтернативниот патен правец Делчево – Бигла – Виница. Тешките товарни возила, пак, можат да се движат само преку Берово.




