Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одземен пасошот на Вранишковски, судот и МВР си префрлаат одговорност

0
By Нова ТВ on July 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Јован Вранишковски, поглавар на Православната охридска архиепископија (ПОА) деновиве му е одземен пасошот при обид да ја напушти Македонија. Како што соопштија од ПОА настанот се случил на 9 јули на граничниот премин Меџитлија кај Битола, кога без никакво образложение, од страна на Министерството за внатрешни работи му бил одземен пасошот.

-Таква дискриминација со одземање на патни исправи без никакво образложение, својствено е за правно неуредени држави, држави во кои нема никакво владеење на правото, се вели во соопштението од ПОА, од каде укажуваат дека  со ова Владата го крши и Уставот и меѓународните конвенции, кои ги има потпишано, со што ја продолжува праксата на претходната Влада, за што, од Европскиот суд за човекови права во Стразбур неодамна ѝ беше наложено да ѝ плати оштета на Православната Охридска Архиепископија.

Кривичниот суд нема издадено наредба, ниту донесено решение за одземање на патната исправа на Јован Вранишковски, но доставено е известување до битолската полиција дека ова лице е осудено со казна затвор од 1 година и 1 месец, се вели во дописот од Основниот суд Скопје 1.

Засега нема објаснување ниту од Судот ниту од МВР за причините за одземањето на пасошот на Вранишковски. Од Кривичниот суд во Скопје во дописот до Телма велат дека нема издадено наредба, ниту донесено решение за одземање на патната исправа на Јован Вранишковски, но доставено е известување до битолската полиција дека ова лице е осудено со казна затвор од 1 година и 1 месец.

Исто така се наведува дека МВР согласно своите надлежности, без наредба од судот, може времено да ја одземе патната исправа на осудено лице, а по издржување на пресудата или укинување на определената мерка на претпазливост, лицето може да се обрати до судот за враќање на исправата.

МВР, за Плусинфо потврдиле дека на 9 јули во 18,30 часот на граничниот премин „Меџитлија“ за излез од Македонија на Вранишковски привремено му е одземен пасошот, но за причините причините велат дека во електронските евиденции на граница било констатирано дека стои мерка „судска забрана“, поради која на лицето не му било дозволено излез од земјава. Во МВР немаат информации во врска со содржината на судската одлука, туку дека е судска забрана од битолскиот суд.

Во изјава за Телма Вранишкоски обвини дека бесправно му е одземен пасошот, затоа што тој веќе ја одлежал затворската казна од 13 месеци со притворот што му бил определен за крививичното дело „перење пари“ во случајот „Расколник“ од 2012 година.

Вранишковски од затвор излезе во февруари лани откако скопска Апелација ја одби жалбата на Обвинителството за неговиот условен отпуст, откако тој одлежа половина од пет и полгодишна затворска казна, за две кривични дела, перење пари и за проневера на 250.000 евра.

Лани во ноември Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во која е констатирано прекршување на членот 11 (слобода на собирање и здружување) во врска со членот 9 (слобода на мислата, совеста и религијата) од Европската конвенција за човекови права, која произлезе од одбивањето на надлежните да се регистрира Православната охридска архиепископија (ПОА) како посебна верска заедница.

Постапката во Стразбур беше иницирана од Хелсиншкиот комитет за човекови права во името на „Православната охридска архиепископија“, како верско здружение на коешто не му беше дозволено да се регистрира на национално ниво.

За констатираната повреда на Конвенцијата, Република Македонија како тужена и одговорна држава е задолжена да му исплати на апликантот 4,500 евра како надомест на нематеријалната штета, како и дополнителни 5,000 евра за трошоците и издатоците настанати во врска со водењето на оваа постапка.

Од ПОА сметаат дека со најновиот случај продолжува прогонот на Вранишковски како што тоа беше случај и во претходната власт и се обратиле до повеќе организации за заштита на човековите права и до дипломатските претставништва на повеќе земји членки на ЕУ да ги информираат и со нивна помош да добијат објаснување за случајот за кој сметаат дека не постои правна основа.

Прогонот на Вранишковски на верска основа се најде како случај во извештаиите и на американскиот Стејт Департмент за состојбата на човековите права во светот.

Вранишковски пасош
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.