Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Вранишковски го доби случајот против Македонија во Стразбур

1
By Нова ТВ on November 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 16, 2017 14:41

Европскиот суд за човекови права денеска донесе пресуда во која е констатирано прекршување на членот 11 (слобода на собирање и здружување) во врска со членот 9 (слобода на мислата, совеста и религијата) од Европската конвенција за човекови права, која произлезе од одбивањето на надлежните да се регистрира Православната охридска архиепископија (ПОА) како посебна верска заедница.

Постапката во Стразбур беше иницирана од Хелсиншкиот комитет за човекови права во името на „Православната охридска архиепископија“, како верско здружение на коешто не му беше дозволено да се регистрира на национално ниво.

За констатираната повреда на Конвенцијата, Република Македонија како тужена и одговорна држава е задолжена да му исплати на апликантот 4,500 евра како надомест на нематеријалната штета, како и дополнителни 5,000 евра за трошоците и издатоците настанати во врска со водењето на оваа постапка.

Во објаснувањето на целиот случај што претходеше на постапката пред Европскиот суд, Хелсиншкиот комитет потсетува дека и покрај двете постапки за регистрација на здружението кои беа водени пред домашните судови, и двете барања беа одбиени од формални причини. Освен формалните причини, надлежните државни органи се повикуваа и на две други основи за одбивање на барањето, и тоа: дека здружението-апликант било формирано од страна на странска црква или држава, што го правело неподобно за регистрација, како и дека неговото предложено име било проблематично, особено од аспект на тоа што тоа било многу слично со називот на „Македонската православна црква-Охридска архиепископија“ која има историско, религиозно и морално право во континуитет да го користи ова име. Со тоа, според надлежните државни органи здружението имало за цел да претставува паралелна верска институција на МПЦ.

Во рамките на домашната постапка, здружението-апликант покрена и две безуспешни постапки пред Уставниот суд, во коишто барањата за заштита на слободите и правата на апликантот беа  отфрлени врз строго формални причини, без судот мериторно да се впушти во разгледување на основот на барањата на апликантите.

-Потврдувајќи го широкиот простор за процена на државата во оваа област од аспект на односите помеѓу верските заедници, ЕСЧП во својата пресуда сепак укажува на должноста на државата да остане неутрална и непристрасна во извршувањето на нејзината регулаторна моќ во нејзините односи со другите религии и верски групи, како и да води сметка за сочувувањето на религискиот плурализам кој е од клучно значење за правилното функционирање на секое демократско општество, разрешувањето на проблемите низ дијалог и хармоничната интеракција меѓу поединците и групите како суштинска за постигнување на социјална кохезија, се вели во соопштението.

Европскиот суд за човекови права потенцира дека јавното мислење на државата не треба да биде заштитено на штета на малцинските ставови,  така што ниту огромната важност што автокефалноста на МПЦ ја има за нејзините верници и поддржувачи не може да го оправда преземањето мерки кои би го спречиле апликантот сеопфатно и безусловно да отпочне со каква било религиозна активност. Токму врз таа основа, имајќи ја предвид потребата од одржување на религискиот плурализам, во ситуација на каков било конфликт помеѓу или внатре во рамките на самите верски групи, Судот во Стразбур експлицитно го осуди преземањето превентивни мерки со кои би се сузбила слободата на собирање и изразување во едно демократско општество.

Хелсиншкиот комитет за човекови права потсетува дека извршувањето на оваа пресуда, покрај преземањето на овие индивидуални мерки кои се насочени кон обесшетување на ПОА како апликант, неминовно ќе изискува и преземање на други, генерални мерки кои би имале за цел спречување на слични повреди во иднина, преку целосно гарантиран избалансиран и изедначен пристап на државата кон сите верски заедници и религиозни групи со што се осигурува верскиот диверзитет и плурализам.

Европски суд за човекови права во Стразбур ПОА пресуда Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.