Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одѕивот во Штип паднал за 22 процентни поени, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за „лажна победа“ на СДСМ

0
By Борјан Јовановски on December 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 14, 2020 10:16

За 22,1 процентен поен помал одѕив е регистриран на вчерашните дополнителни избори за градоначалник на Штип, во споредба со излезеноста во оваа општина на предвремените парламентарни избори на 15 јули годинава, кога на гласање излегле 51,34 проценти од тогаш запишаните 41 813 избирачи.

Наспроти тогашните 23 784 избирачи, овој пат гласале 14 528 од вкупно 41 777 гласачи, во ситуација кога најголемата опозициска партија не учествуваше на изборите за нов градоначалник.

Иако на парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ освои тесна предност пред СДСМ со 10 141 глас наспроти 10 077 гласа за листата на СДСМ, опозициската партија реши да не учествува на дополнителните избори за градоначалник, на кои вчера победа однесе Сашко Николов, со 11 668 гласа. И покрај значително понискиот одѕив, во споредба со пред пет месеци, Николов, практично, го надмина резултатот на својата партија – СДСМ од парламентарните избори.

ВМРО-ДПМНЕ утрово излезе со нова реакција оценувајќи дека победата на СДСМ во Штип е „лажна како и датумот за преговори со ЕУ“.

„На гласање не излегоа 27 500 граѓани, затоа што не се согласуваат со криминалот на Заев. Сашко Николов е победник за 400 гласа, но загуби Штип. Заев тераше болни од ковид да гласаат само за да ја задржи фотелјата. И покрај сето насилство, 2/3 од граѓаните на Штип не им дадоа легитимитет на Заев и на СДСМ. Избори со 1/3 од вкупниот број гласачи се фарса. СДСМ нема легитимитет“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.