Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оер: Не ни помислувавме дека по нападите во јануари ќе се соочиме со ваков терор

0
By Влатко Чаловски on November 14, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 14, 2015 16:10


Границите не се затворени во вистинска смисла на зборот и Франција ќе го организира Самитот на ОН за климатски промени во Париз кој е предвиден за 30.ноември.

Ова денеска го потврди француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Оер по терористичките напади во Париз. Таа рече дека откако земјата беше сведок на нападите во јануари врз редакцијата на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“, не ни помислувала дека ќе и се случи ова.

– Франција е во голем шок бидејќи се соочи со атентат кој понесе голем број жртви а не ни замислувавме дека по 11.јануари ќе се соочиме со такви ужасни сцени. Бројот на жртви изнесува 128 луѓе а 252 лица се сериозно повредени од кои 80 се борат за живот, изјави Оер.

Според она што е досега познато, напади имало на седум различни места, а Оер особено го истакна нападот на францускиот стадион каде што се играше пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу Франција и Германија на кој присуствуваше и претседателот Франсоа Оланд.

Оер нагласи дека во оваа рана фаза по немилите настани, нема никаква поврзаност помеѓу мигрантската криза или француските џихадисти кои се борат во Сирија со нападите.

– Истрагата покажува дека еден од камиказите е француски државјанин кој скоро се исламизирал а ова го потенцирам бидејќи сакам да кажам дека заканата не е од надвор, рече француската амбасадорка додавајќи дека сепак не треба да се занемари фактот што одговорноста ја презедоа терористите на ИСИС.

Таа им се заблагодари на сите пријатели и сите граѓани во Македонија како и на раководните лица во земјава.

– Ние во Париз навистина го цениме тоа. Трогнати сме од големата солидарност која ја добиваме и денес, рече амбасадорката.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.