Специјалното јавно обвинителство е институција основана со закон и треба да може да работи ослободена од притисоци во рамките на судскиот систем, вели амбасадорката на Франција Лоренс Оер во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.
-Граѓаните треба да имаат доверба во правдата, што претставува основен столб на демократијата. Ниту еден демократски систем не е совршен, ниту еден поединец не е над законот и затоа постои поделбата на власта и затоа постојат институции и комисии за контрола, вели Оер.
Според неа, работата врз избирачкиот список ќе биде од суштинско значење за изборите, за кои треба да се обезбедат услови за граѓаните да имаат доверба во политичкиот систем и во институциите и да излезат на гласање на 5 јуни.
На прашање за актуелните настани во меѓуетничките односи со изградби на орли и крстови иницирани од коалиционите партнери, Оер вели дека очекув аполитичкит епартии да повикаат за смиреност.
-Навистина сме загрижени од сето тоа што поттикнува конфликти на три месеци пред изборите и очекуваме политичките партии да повикаат на смиреност. Граѓаните сакаат само едно нешто во земјата, а тоа е да живеат во мир и хармонија, посочи Оер.
Во однсо на мигрантската криза, француската амбасадорка вели дека треба да се затворат патиштата за нелегално минување на границите и да се заштитат надворешните граници на ЕУ. Целото интервју може да го прочитате тука.




