Published: Tuesday, September 10, 2013 21:56
Косовската влада ги повика своите граѓани да избегнуваат да патуваат во Македонија сем во итни случаи
Косовската Влада останува посветена на решавање, што е можно поскоро, на трговски спор со Македонија за да овозможи слободно движење на граѓаните, се вели во соопштението на Министерството за трговија.
Косовското Министерство за трговија и индустрија објави дека мерките на блокирање на увозот на производи од Македонија, остануваат на сила се додека македонската страна не ги отстрани бариерите во трговијата и слободно движење на луѓето.




